Вести

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Кога ќе се исцрпат украинските човечки ресурси, европските мажи и европската територија може да станат следниот потрошен ресурс на САД во војната против Русија преку посредници, пишува Томас Фази. Предупредува дека оваа војна лесно може да прерасне и во нуклеарна престрелка на европска почва, при што Американците нема да трпат директни последици.

Соларни панели десет метри под морето

Во агресивната енергетска трансформација, Кина постави сончеви колектори насекаде – поплочи цели градови, ги крена над автопати и ги нареди на пловечки платформи крај брегот. Сега успеа да произведе енергија и од сончеви колектори потопени под вода, со револуционерна технологија која на тестирањето дала резултати блиски до теоретскиот максимум на ефикасност.

Зеленски остана без Глобалниот Југ

Дебатата во Обединетите нации покажа дека меѓународната поддршка за Украина се стеснува на сè помал круг западни држави. Декларацијата со која се повикува Русија да почне преговори за крај на војната ја потпишаа само 51 земја. Европа останува на страната на Киев, но Глобалниот Југ сè повеќе се дистанцира, повеќе од личен интерес отколку од симпатии кон Москва.

Речник

Англичаните ќе јадат и банани што не потемнуваат 

Банани што не потемнуваат се првото овошје со генетски измени одобрено за законска продажба во Британија. Новата сорта банани создадени во лабораторија се поотпорни на стареење и на оштетување, што овозможува подолго да останат добри за јадење. Британските домаќинства секоја година фрлаат дури 1,4 милиони банани кои се добри за јадење, иако се потемнети.

САД ќе се подмачкаат со запленета иранска нафта

Администрацијата на Трамп наскоро ќе може да ја амортизира кризата со горивото со нафта од непријателот против кој војува. Три супертанкери со иранска сурова нафта се приближуваат до Мексиканскиот Залив и наскоро ќе истоварат 6 милиони барели во вредност од 600 милиони долари. САД се повикуваат на закон од пред два века, според кој нафтата е воен плен.

„Вештачката интелигенција ќе нè убие“ е новата ковид паника

Ако од некаде ни изгледа позната денешната хистерија околу итната опасност од вештачката интелигенција и нејзино забегување, тоа е затоа што за помалку од 10 години, четири пати видовме и преживеавме такви морални паники, водени од „најпрогресивните“ слоеви на човештвото. Сценариото секогаш беше исто: толку е итен проблемот што нема време за дебата.

Може ли светот да направи батерија за електричен автомобил без Кина?

Моментално не само што Кина има неспоредлива предност во копање на ретки метали неопходни за производство на батериите, туку таа е толку напред во обука на инженери и изградба на фабрики за производство на овие батерии што на остатокот од светот ќе му требаат децении за да ја стигне.

Ако веќе наредивте соларни панели, јбг

Ви дала државата земја евтино, сте инвестирале вагон пари, сте ја покриле сета таа површина со соларни панели и сега има да станувате тајкуни па мајка јана нон-бајнари да е. Е, н'цки. Германски научници дошле до материјали кои се илјада пати поефикасни од сегашните соларни панели за производство на струја. Јбг.

Американската помош за Украина брои ситно

Од пакетот од 48 милијарди долари помош за Украина што демократите на мускули успеаа да го истуркаат во декември пред смената на власта во Конгресот, останати се уште 6 милијарди кои се очекува да траат до јули. Проблемот е што потоа?

Топ 50 организации на индустријата за цензурирање

Пред завршувањето на вториот мандат и предавањето на власта на Кенеди, Ајзенхауер држи говор во кој предупредува дека веќе во тој момент САД се оставени на милост на сила која ни тој не може да ја порази - за прв пат во историјата САД добиваат перманентна индустрија за производство на оружје.

Завршни шамарници за ФБИ

Конечно е готов долгоочекуваниот извештај на специјално именуваниот истражител Џон Дурам за постапувањето на Федералното истражно биро во случајот со нивната истрага околу наводната поврзаност меѓу Доналд Трамп и Русија. Лоши вести, за ФБИ.  

Погребната плејлиста на Рјуичи Сакамото

Блиските на Рјуичи Сакамото, еден од најзначајните компзитори на денешнината кој после тригодишна борба со ракот почина минатиот месец на 71 година, деновиве решија да ја споделат музичката плејлиста која тој самиот ја има составувано за својот погреб. Го има тука Бах, Дебиси, Сати, Равел, но и Дејвид Силвијан, Мориконе...

Зошто Кина нема данок на имот?

Заради финансиски проблеми дел од кинеските градови ги намалија платите на своите службеници, а беше намален и обемот на државното здравствено осигурување. Кога некоја локална власт ќе заглави во буџетски проблеми, централната власт интервенира за да ја спаси. И покрај ова земјата никако да се нафати да почне да наплаќа данок на имот, најлесното решение на овие проблеми.

МекДоналдс изгореа од размазени Американци

Пред неколку децении, фаст фуд ланецот МекДоналдс во својата матична земја изгубија милионски судски спор откако муштерија им се изгорел од кафето па мораа на чашките да напишат „Ова е врело.“ Сега им се изгореле од пилешкото.  

Операција: Американка на доктор

40 пожарникари и 10 полицајци учествуваат во операцијата за пренесување на една 391 килограм тешка американска државјанка што живее во Франција, од нејзиниот дом до локалната болница.

Администрацијата на Бајден во лов на Руси

Белата куќа го ровари цел свет во потрага по Руси кои би можела да ги искористи за трампање на двајца Американци кои моментално се наоѓаат во руски затвор, новинарот Еван Гершкович и екс-маринецот Пол Вилан, по истата формула по која го замени Виктор Бут за кошаркарката Бритни Грајнер.

Џулијан Асанж, битката која не смееме да ја изгубиме

Џулијан Асанж скапува во самица. Драматично ослабнат, често под силни седативи, претрпе мал срцев удар, му се одбиваат медицински третмани и гледања со адвокат, забележан е како халуцинира и ја мава главата во ѕид. Крис Хеџис вели дека она што му се случува е класична егзекуција, само што се реализира во слоу моушн. Така е и планирано.

Преку боледување, погача

Иан Клифорд е ИТ техничар вработен во ИБМ кој 15 години е на боледување. Сега Иан Клифорд го тужи ИБМ по основа на дискриминација дека сите овие 15 години додека е дома компанијата му ја нема кренато платата.

На Украина за контраудар не и се доволни само 30-те милијарди долари оружје

Контраофанзивата (која по ново или е почната или не е почната или може да се почне ама многу жртви ќе има или...) во најдобар случај треба целосно да ја избрка Русија од Украина, во најлош да покаже дека ниту една од страните нема сила да стекне некаква предност. Процената на Блумберг е дека само оружјето нема да биде доволно за ваквиот подвиг.

Над Твитер бел чад, Илон најде новa директорка

Илон Маск во еден твит објави дека се повлекува од позицијата ЦЕО на Твитер, дека оди на позицијата ЦТО (технолошки директор), дека има најдено замена и дека е жена.

Америка за прв пат одобри префрлање запленети руски пари на Украина

Американскиот министер за правда даде одобрение за првиот трансфер на фондови запленети од руски олигарх за помош на Украина.

Германија ќе „увезува“ 250.000 Кенијци

Германија и Кенија се сред преговори да најдат начин како кениски работници да пополнат 250.000 работни места во германската индустрија за кои државата моментално не може да најде луѓе.

Зеленски: Ако тргнеме сега ќе испогинат многу луѓе

Украинскиот претседател во разговор со Би-би-си објаснува дека имаат и доволно луѓе и доволно храброст да ја започнат очекуваната контраофанзива, ама сериозно им недостасува ветената помош од Западот која уште не е стигната во земјата.

Што знае Фејсбук што се сто милијарди долари

За овие три години Фејсбук смени име во Мета во чест на Метаверс, инвестираше толку многу пари што е во загуба и што им ја бутна вредноста на акциите, ги мина сите знајни и нејзнајни патишта на пиарот само за да го промовира Метаверсот, и на крај сè пропадна во моментот кога луѓе можеа да направат човечки муабет со ЧатГПТ.

Во градите имаме микропластика. Од маските ли е?

Милијарди луѓе цели две години секојдневно дишеа воздух  преку пластичните влакна во маските за едократна употреба и по осум и повеќе часа. Затоа, да не се најде микропластика во белите дробови денес би било изненадување. Ова е потенцијална бомба за јавното здравје, велат доктори.

Смирноф побрза да се испере од транс-активисти

Како што една транс жена од Тексас почна по социјални мрежи да промовира платено партнерство со Смирноф, така компанијата зад познатата вотка инстантно негираше каков било договор или соработка со активистката.

Такер Карлсон се сели на Твитер

Две недели откако изненадно беше избркан од Фокс њуз, Такер Карлсон објави дека се враќа во програма и тоа исклучиво на Твитер. Во исто време, Маск објави дека немаат направено никаков ексклузивен договор со Карлсон и дека тој може да ја користи платформата како сите останати.

Од тетовскиот грав до врвот на швајцарската кардиохирургија

Приказна за наш човек, тетовецот Омер Џемали, кој од нивата на дедо му, каде со братучедите се тркал кој ќе извади најдобар грав, стигна до прв човек на циришката Универзитетска клиника. „А заменик му е исто наш човек, Петар Ристески од Прилеп. Лично ги познавам двајцата“, ни пишува доктор Кирил Пенов, кардиохирург во Вурцбург. Фасцинантна приказна.

Кралица Урсула

Најверојатното кандидирање на претседателката на Европската комисија за втор мандат се повеќе изгледа дека ќе наликува на крунисување отколку на демократски одлука, пишува магазинот Политико.

Путин нема да го преживее губењето на Крим

За човекот што во 1980-те ќе го напише „Крајот на историјата“, досегашната војна во Украина е масовен неуспех на Русите, и според него нема начин како Путин би го преживеал евентуалното губење на Крим.