
Меѓу другите, до сега се контактирани Бразил, Норвешка, Германија и некои поранешни советски републики, од кои се бара да испорачаат доволно важен руски шпион или државјанин кој би можеле да го искористат во трампа.
Пример, од неодамна во германски затвор лежи Вадим Красиков, поранешен полковник во руската агенција за домашни разузнавање, кој според Си-ен-ен е на врвот на листата луѓе кои Русија ги бара назад.
За сега не е познато под кои услови и дали воопшто Германија ќе се согласи да го ослободи Красиков во замена за американски државјани.
Освен Германија, на списокот на Белата куќа е и Норвешка во чиј затвор лежи руски шпион кој се претставува како академик што пристигнува во земјата по години работа во Канада. Сличен е случајот и со Бразил, каде е уапсен Сергеј Черкасов, кој студира на Џон Хопкинс школата за напредни меѓународни студии претставувајќи се како студент од Бразил. Естонија минатата година уапси руски државјанин за кого се верува дека е офицер на ФСБ, кој се обидел во Русија да испрати илјадници куршуми, чипови и електронска опрема од американско производство.
Во март американскиот државен секретар објави дека дале сериозен предлог за ослободување на Вилан но Русија не преземала ништо околу тоа.
Вилан беше прескокнат во ослободувањето во декември 2022, кога Русија ја испорача ВНБА кошаркарката Грајнер во замена за ослободување на еден од најголемите трговци со оружје на светот - Виктор Бут.
Русија го води Вилан како шпион и претходно сугерираше дека за негово ослободување ќе бара да биде пуштен некој што е поврзан или дел од највисокиот руски разузнавачки апаратус. Русија исто така ги одби понудите да ги трампа американските затвореници за некој од руските сајбер-криминалци што се во американски затвори.
Минатиот месец, Лавров во интервју за Си-ен-ен изјави дека „околу 60“ руски граѓани се во американски затвори „од кои многумина киднапирани под сомнителни околности.“