Парите се на олигархот Константин Малофејев кои беа запленети минатата година откако американското министерство за правда го обвини дека ги прекршил санкциите против Русија финансирајќи Руси кои промовирале сепаратизам на Крим.
Освен што му беа запленети парите до кои американските власти можеа да стигнат, против Малофејев се покренати и две обвиненија за прекршување на санкции, за кои е предвидена максимална казна од 20 години по обвинение.
Малофејев и понатаму е на слобода бидејќи најверојатно се наоѓа во Русија.
Префрлањето на запленетите пари на украинска сметка е прв конкретен чекор по повеќемесечните дебати за тоа дали запленетите околу 300 милијарди долари руски девизни резерви во западни банки треба да бидат искористени за обнова на Украина.
За сега не познато како префрлените пари ќе бидат искористени во Украина или кога ќе му станат достапни на Киев.