Не само што маските се непријатни, го отежнуваат дишењето и во суштина се бесмислени, туку носеле и спротивен ефект.
Прилично шокантно ново истражување откри дека повеќето луѓе денес во белите дробови имаат микропластика, која вообичаено ја има во маските за еднократна употреба. И тоа во сите делови на нивните бели дробови.
Според торакалниот хирург д-р Осита Онга, присуството на микропластика во белите дробови е темпирана бомба за јавното здравје со потенцијал да предизвика експлозија на случаи на рак во наредните години.
Истражувачите од Обединетото Кралство детектирале микропластика во сите региони на белите дробови, вклучувајќи ги и подлабоките делови. Иако истражувачите не го потврдија изворот на микропластичната контаминација, пластичните влакна пронајдени во белите дробови најчесто се наоѓаат во хируршките маски.
Во 2020 година, количината на маски за еднократна употреба фрлени во околината се зголемил за неверојатни 9.000 проценти. Милијарди луѓе цели две години натнуваа маски секој ден, дишејќи воздух преку пластични влакна и по 8 и повеќе часа. Да не се открие пластика во белите дробови би било изненадувачки.
Потврдата за микропластика во белите дробови, има и во една студија од 2020 година, која го предвидува ризикот од инхалирање микропластика што ја содржат маските. За жал, истражувачите во таа студија продолжија да препорачуваат нивна употреба и покрај ризикот.
„Телото не сака работи што предизвикуваат воспаление и работи што се туѓи, како пластика“ вели Д-р Осита Онуга, кој упатува на потреба од последователни студии за да се утврдат причинско-последични односи.