Истрагата на ФБИ за наводниот дослух меѓу Русија и претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година немаше „вистински докази“ и беше оптоварена со сериозни мани, заклучува независниот американски советник Џон Дурам.
Неговиот извештај од преку 300 страници го означува крајот на четиригодишната истрага започната во мај 2019 година кога тогашниот јавен обвинител Вилијам Бар го назначи него, како ветеран обвинител, да ги испита потенцијалните погрешни чекори на ФБИ.
Во тоа време ФБИ ја започна истрагата позната како „Вкрстен ураган“ откако австралиски дипломат пријавил дека човек од кампањата на Трамп, Џорџ Пападопулос, наводно му се пофалил дека Русите имаат валкан веш за Хилари Клинтон. Таа истрага подоцна му се довери на Роберт Милер, кој уште во март 2019 година заклучи дека не постојат докази за заговор меѓу Трамп и Русија за изборите во 2016-та.
Дурам сега заклучува дека таа истрага на Бирото била избрзана и непоткрепена и дека се водела „на сила“, бидејќи биле игнорирани и тргани на страна сите докази кои не воделе кон посакуваната премиса на истрагата.
Извештајот не наведува посебно одговорни лица во врвот на ФБИ но заклучува дека изнасилената истрага нанесува „сериозна штета на угледот на ФБИ“.
Трамп кој оваа епизода ја нарекуваше „криминал на векот“ е задоволен од извештајот кој му ја потврди тезата дека американската јавност долго време беше манипулирана со комплетно фабрикувана приказна за постоење „руска врска“.
*********
Види и:
Како на Американците им се згади естаблишментот и медиумите (прв дел)