Операцијата и извлекувањето на пациентката се планирани неколку месеци, а на помош е повикана и специјална амбулантна кола од Белгија наменета за пренесување на вонредно дебели пациенти.
Целото симнување на жената трае околу еден час, а за преместувањето морало да бидат срушени неколку ѕидови во станот и дел од таваните., за таа преку дупка во патосот да биде симната од прв спрат на приземје. Додека траело ова биле блокирани и дел од околните улици.
Американката повеќе од 20 години живее во градот Стене на северот од Франција во близина со границата на Белгија и со години одбивала да оди на доктор.
Претставник на локалните власти за каналот Франс 3 изјавува дека ваква операција никогаш не била спроведена во историјата на Франција.