Ако веќе наредивте соларни панели, јбг

Ви дала државата земја евтино, сте инвестирале вагон пари, сте ја покриле сета таа површина со соларни панели и сега има да станувате тајкуни па мајка јана нон-бајнари да е. Е, н'цки. Германски научници дошле до материјали кои се илјада пати поефикасни од сегашните соларни панели за производство на струја. Јбг.

Истражувачите од германскиот универзитет Мартин Лутер открија нов метод за зголемување на ефикасноста на соларните ќелии. Зголемување со фактор 1.000.

Тимот научници го постигнале овој напредок со кристални слоеви од бариум титанат, стронциум титанат и калциум титанат, наизменично биле поставени еден врз друг во решеткаста структура.

Нивните наоди, кои би можеле да придвижат револуција во индустријата за соларна енергија, неодамна биле објавени во списанието Science Advances.

Соларните ќелии кои сега се користат се главно на база на силициум, но нивната ефикасност е ограничена. Ова навело да се истражуваат нови материјали, фероелектрици како што е бариум титанатот, кој е мешан оксид направен од бариум и титаниум.

За разлика од силициумот, на овие кристали не им е потребен pn (позитив-негатив) спој за да се создаде фотоволтаичен ефект. Од друга страна, чистиот бариум титанат не апсорбира многу сончева светлина, ама затоа комбинирањето на екстремно тенки слоеви на различни материјали значително ја зголемува „бербата“ на сончева енергија.

Со испарување на кристалите со моќен ласер, махериве успеале да произведат материјал составен од 500 слоеви со дебелина од околу 200 нанометри.

Јбг.

17 мај 2023 - 12:57