(клик за поголема верзија)
Тој изјавува дека новиот сектор околу себе гради култрен, финансиски и политички систем на поддршка преку кој се стекнува со огромни моќи, објаснувајќи дека „овој спој на неизмерниот воен естаблишмент и индустријата за тешко оружје е сосема нов за американското искуство“:
„Во власта ние мораме да пазиме на стекнување на неоправдано влијание, без разлика дали било намерно или не, од страна на воено-индустрискиот комплекс. Потенцијалот за катастрофален подем на погрешно позиционирана моќ постои и ќе постои.
Ние никогаш не смееме да дозволиме тежината на оваа комбинација да ги загрози нашите слободи и демократскиот процес... Само внимателно и добро информирано граѓанство може да доведе до прописно преплетување на индустриската и воена машинерија за одбрана со нашите мирољубиви методи и цели, за безбедноста и слободата заедно да просперираат.“
65-години подоцна Мат Таиби предупредува дека најголемиот дел од Америка го има изгубено својот страв дека „индустријата за оружје би можела од внатре да ја освои демократијата.“
„Додека цивилната популација дури последниве години почна да дебатира околу инциденти со 'де-платформирање' кои вклучуваа ликови како Алекс Џоунс и Мајло Јанопулос, владините агенции одамна туркаат нова теорија на меѓународен конфликт, во која информациската сфера е поважно разбрана како воено поле отколку како форум за размена на идеи. Според ова гледиште, спам реклами, џанк вести и споделување содржини од 'агенти за дезинформација' како Џоунс не се неизбежни обележја на интернетот, туку напади во новата форма на конфликт наречена 'хибридна војна',“ објаснува Таиби.
Уште во 1996, во првите години од постоењето на цивилниот интернет американската армија објавува официјално упатство во кое зборува за „проширување на информацискиот домен наречен Глобална информациска средина (ГИЕ)“ која содржи „информациски процеси и системи кои се вон директното влијание на војската,“ а воените команданти мораа да разберат дека ГИЕ ќе биде клучен елемент за „ефикасно оперирање“.
„Често пати гледаме како се имплицира дека 'информациските операции' се практикуваат само од непријателите на Америка, бидејќи само непријателите на Америка се доволно долни и лишени од доволно реална огнена моќ, што се присилени да користат такви тактики, кои им се неопходни за 'надминување на своите воени ограничувања'.
Ретко кога слушаме за долгата историја на американски 'активни мерки' и 'информациски операции' но популарните медиуми ни даваат простор да читаме за очајните тактики на нашите азијатски непријатели.
Дел од новата манија околу 'хибридното војување' е идејата дека додека американскиот човек е навикнат да живее во јасна состојба на 'војна' или 'мир', рускиот, кинескиот или иранскиот граѓанин е роден во состојба на константен конфликт, каде војните постојано траат, без разлика дали биле објавени или не. Соочен со такви непријатели, американскиот 'отворен' информациски пејзаж е малку повеќе од воена слабост,“ пишува Таиби.
Истото ова во март 2017 го кажува претседателот на Комитетот на претставничкиот дом за вооружените сили, Мак Торнбери. Отприлика во тоа време, кратко по изборот на Трамп за претседател на САД, меѓу идните лидери на „индустријата на цензурирање“ стана евангелие дека мешањето од „злонамерни надворешни актери“ мора да се поврзе со проблемите на западната домашна политика. И тоа подразбира дека сè од победата на Трамп до брегзит, треба да се сфати прво и пред се како последица на хибридна војна.
„Токму затоа Трамп-Русија скандалот во САД најверојатно ќе биде запаметен како клучен момент во историјата на 21 век, иако истрагата површно заврши една лажна вест сама по себе. Тоа што не и успеа на истрагата на Милер е да го протера Трамп од Белата куќа, но затоа успеа да изроди опширна нова јавно-приватна бирократија посветена на запирање на лаги и дезинформации, која истовремено ја помирува јавноста со појавата на серија нови владини агенции со сопствена мисија во 'информациската војна'.
Индустријата за цензурирање е само препородување на воено-индустрискиот комплекс за добата на 'хибридното војување',“ порачува Таиби.
Сличноста меѓу двете е што и новата сака да се нарекува себе „одбранбен“ сектор, направен за спротивставување на странските сајбер-непријатели „кои за разлика од нас имаат воени ограничувања.“
„Но оваа индустрија, сепак, не е ниту целосно посветена на одбрана, ниту пак главно фокусирана на странски 'дезинформации'. Напротив таа стана незапирлив, обединет систем за ширење пораки насочен главно кон домашното население, на кое му е кажано дека политичкиот раздор дома е во корист на непријателскиот необјавен хибриден напад врз демократијата.
Тие предлагаат одново да ги размислиме старите концепти за права, и да се предадеме себе си на нови техники за надзор како 'мониторирање токсичност', да го замениме застојаниот стар слободен печат со уредници кои тврдат дека имаат 'нос за вести' со апдејтиран модел кој користи автоматизирани алатки како 'екстракција на тврдења вредни за вести' и поднесување на механизми за надзор на мисли како 'метод за редиректирање' кој испраќа реклами до онлајн прегледувачи на опасни содржини, туркајќи ги кон 'конструктивни алтернативни пораки'.
Сврзувањето на сето ова е завет кон нова хомогена политика, во која комплексот на јавни и приватни агенции наведени подолу сакаат да оформат нешто налик Обединета теорија на поле но за неолибералниот наратив, кој онлајн може вечно да се модифицира и засилува преку алгоритам или машинско учење. Ова е тоа на што мислат некои од организациите на листава кога зборуваат за создавање на 'заеднички вокабулар' на информациското безредие, или 'кредибилитет' или 'медиумска писменост',“ анализира Таиби.
Меѓу новите пракси за кои зборуваат луѓето од оваа индустрија е создавање „отпорност“ кон дезинформациите („што во пракса значи дека треба да се осигури дека јавноста толку често треба да слуша само одобрени наративи што се друго ќе им изгледа застрашувачки и одбивно“) или публика обучена не да ги става под знак прашање само системите за балансирање, туку и самата конкуренција.
Наместо конкуренција, организациите во анализата на Таиби, се наклонети кон концептот за „заеднички напори“ во кои клучните играчи своите недоразбирања ги решаваат приватно, а во јавноста претставуваат обединет фронт.
„Кои се лидерите на овие кампањи? Ако прашувате, групите на листата се добро место за почеток.
Топ 50 листата е наменета како ресурс за известувачи и истражувачи кои го почнуваат своето патешествие за осознавање на обемот и амбициите на индустријата за цензурирање. Целта на листата е да се обиде да одговори на основните прашања околу финансирањето, типот на организација, историјата, и посебно методологијата.
Најголемиот дел од анти-дезинформациските групи се придржуваат до истиот стереотипен пристап во истражувањето, често користејќи го истото 'мапирање на омраза', вина по основа на поврзување за да се идентификуваат луѓето што погрешно мислат и супресивни личности. Како што ќе опише еден извор од Твитер фајловите, дури постои и тенденција да се користи и истиот тип на графикон.
Она во што си конкурираат често пати е областа на неразбирлива лавина од зборови кога ги опишуваат сопствените методи на анализа. Омилениот пример ми е од Проектот јавно добро, кој опишувајќи ја својата способност за предвидување што потсетува на 'непотонливиот Титаник' се опиша себе си како 'Базфид на јавното здравје.'
Заедно овие групи брзо го постигнуваат она од што Ајзенхауер се плашеше: елиминација на 'балансот' меѓу демократската потреба за либерализирачки закони и институции, и будноста неопходна за воена подготовка. Демократските општества изискуваат негување на слободната дебата, несогласувања и интелектуални тензии, но групите подолу наместо тоа бараат 'заедничкиот вокабулар' да биде рапосреден на хибридниот фронт. Тие предлагаат да служат како чувари на овој 'вокабулар' што звучи како сценариото што Ајк го објави во 1961, во кое 'самата јавна политика може да стане заробеник на научните и технолошки елити',“ анализира Таиби.
Списокот е:
1. Information Futures Lab (IFL) од Универзитетот Браун (претходно First Draft)
2. Meedan
3. Harvard Shorenstein Center on Media, Politics and Public Policy (Technology and Social Change Project)
4. The Public Good Projects
5. Graphika
6. Digital Forensic Research Lab (DFRLabs), Атлантски совет
7. Stanford Internet Observatory
8. Poynter Institute / International Fact-Checking Network
9. Integrity Initiative / Institute for Statecraft
10. National Conference on Citizenship / Algorithmic Transparency Institute
11. Park Advisors
12. New Knowledge AI, ребрендиран како Yonder AI, купен од Primer
13. Moonshot CVE
14. Annenberg Public Policy Center (Factcheck.org)
15. Alliance for Securing Democracy (Маршалов фонд)
16. Ad Council
17. Media Forensics Hub, Клеменсон универзитет
18. Cybersecurity and Infrastructure Security Agency (CISA)
19. Bellingcat
20. Center for European Policy Analysis (CEPA)
21. Center for an Informed Public, Универзитет на Вашингтон
22. Aspen Institute
23. Trusted News Initiative
24. Automated Controversy Detection
25. Center for Countering Digital Hate
26. Craig Newmark Philanthropies
27. Omidyar Group
28. The Knight Foundation
29. Google Jigsaw
30. Full Fact
31: Media Matters For America
32. Miburo/Digital Threat Analysis Center
33. Credibility Coalition
34. Factcheck.me/Botcheck.me
35. Duke Reporters’ Lab
36. Reveal
37. Global Disinformation Index
39. Institute for Strategic Dialogue
40. Wikipedia
41. EU Disinfo Lab
42. The UK 77th Brigade
43. Claim Buster
44. DisinfoCloud
45. MythDetector
46. Verified
47. Foreign Malign Influence Center
48. Advance Democracy Inc.
49. DisinfoWatch
50. Countering Disinformation