Вести

Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Обама во својата администрација имал само три члена кои имале над 100 милиони долари. Џо Бајден имал петмина такви. Доналд Трамп ги има преку десетпати повеќе. Осуммина од нив имаат преку милијарда долари. Наивни ќе помислат дека таквите луѓе сега имаат доволно па ќе ѝ служат на државата. Да им беше на таквите нешто доволно, немаше ни да стигнат до тие цифри.  

Нашата планета станува сè потемна

Насловот не е некој метафоричен, поетски опис за очајната состојба на човештвото, моралот или нивото на македонските реклами на Инстаграм. Зборуваме за вистинска мерлива темнина што се шири низ површината на Земјата. Напредокот во животната средина буквално има неочекувана темна страна.

Речник

Во Австралија се размислува за поевтинување на цигарите

Досегашните долгогодишни мерки против цигарите и пушењето успеаја драстично да го намалат процентот на пушачи во Австралија. Но, остана едно жилаво малцинство кое се покажа имуно на сите мерки на државата а задоволувањето на нивната потреба за никотин создаде голем и понекогаш опасен црн пазар. Бидејќи попаметниот попушта, некои во Австралија сега бараат цигарите да поевтинат.

Науката НЕ е консензус

Уледниот Британскиот медицински журнал е критикуван за нарушување на научниот интегритет откако повлече труд во кој се сугерираше дека вакцините против ковид можеби се виновни за некои прекумерни смртни случаи за време на пандемијата. Го повлекле трудот иако немало ништо спорно во него, ама не го одразувал „научниот консензус“. А на времето, консензус имаше и дека Сонцето се врти околу Земјата.

Финската економија во слободен пад

Економијата на Финска со години беше ѕвезда на стариот континент на чии перформанси завидуваше цела Европа. Но, Нокиа беше симната од тронот, се десеткуваше побарувачката за хартија поради дигитализацијата и почнаа проблемите. Пандемијата и руската инвазија дополнително ја влошија состојабата па денес Финска во некои метрики стои полошо од Шпанија и Португалија.

Колку би платил месечно за да немаш реклами на Фејсбук?

Изборот што Фејсбук размислува да им го понуди на корисниците е верзија на Фејсбук без реклами, ама со месечна претплата. Уште не е познато дали со претплатата ќе ти бидат поштедени и личните податоци од препродавање.

ЈСП Шенџен ги смени сите 16.000 автобуси со електрични

Кинескиот град со 12,5 милиони жители брои 16.359 автобуси за јавен превоз, што е повеќе отколку бројот на автобуси во оптек во Њујорк, Лос Анџелес, Торонто, Њу Џерси и Чикаго, заедно. И сите до еден се електрични.

Фолксваген нарача батерии колку што кошта цела Тесла

Германскиот автомобилски гигант ги израдува набавувачите на батерии за електрични автомобили со чек од 48 милијарди долари. Отприлика колку што на денешен ден чини компанијата на Елон Маск.

Северот доби УСБ од Југот

На УСБ-то што Ким Јонг-ун го добива од јужнокорејскиот претседател има презентација и е-книга со нацрт како Северна Кореја повторно да се поврзе со остатокот од светот.

Време е за нормализирање на Маркс

На 5-ти мај пред 200 години роден е Карл Маркс, најмудриот и највлијателен критичар на капитализмот во историјата на човештвото - исто така и еден од најпогрешно разбраните. Беше генијалец, ама на крај само уште еден човек интелектуалец со брилијантна но нецелосна перспектива.

Монт Еверест не е највисоката планина на светот, освен што е

Ако се водиме по науката еден од најголемите планинарски предизвици не е и највисоката планина на планетава. Разликата меѓу она што ние го знаеме и она што науката го тврди е кој од каде мери.

Дали Си-ен-ен и Ен-би-си протекувањето информации го плаќаат со вработување?

Годинешната награда на Асоцијацијата на дописници од Белата куќа ја доби тимот на Си-ен-ен за веста дека 4 директори на разузнавачки агенции од времето на Обама го известиле Доналд Трамп дека Русија има компромитирачки материјали за актуелниот американски претседател. Не само што ја имаше веста, Си-ен-ен го имаше и го објави документот (Стил досието) на кое се базираше информацијата на разузнавачите. Она што пропушти да објави е да каже како го доби.

Челичната дама на Турција

Мерал Акшенер во 1990-те е министерка за внатрешни работи на Турција, речиси 8 години има стаж како потпретседателка на турскиот парламент, а откако во 2016 успева да го собори претседателот на својата матична партија, во 2017 решава да основа сопствена партија исто така десничарска партија, и моментално е единствениот претседателски кандидат кој има кредибилитет да го порази Ердоган.

Како Господар на прстените ќе завршеше како 2-часовен филм

Злотворот кој моментално е на тапет заради своето однесување со сè женско што допрел, своевремено му се заканил на Питер Џексон дека ќе биде сменет од проектот Господар на прстените ако не ја претвори книгата на Толкин во 2-часовен филм.

Украински дабл-дабл за Трамп

Украина ја прекина истрагата околу Пол Манафорт, еден од главните осомничени од Роберт Мулер за руското мешање во американските избори, откако претходно администрацијата на Трамп одлучи на земјата да и продаде оружје за нејзиниот конфликт со Русија.

Како пропаѓаат богатите? Не пропаѓаат, се ребрендираат

Пред вчерашната вест дека Кембриџ аналитика засрамена од медиумите и напуштена од клиентите решава да затвори дуќан, е веста од средината на март дека некои од главните ликови во Кембриџ аналитика пак се погодиле да бидат во иста фирма со горе доле иста дејност која е отворена во август 2017.

Германија меѓу „добродојдосте мигранти“ и „бидете раат Евреи“

Како што земјата почна да вдомува милиони мигранти од делови од светот во кои мразењето Евреи е речиси уставно загарантирано право, така почнаа и да растат тензиите кои не дека ќе тргнат накај смирување.

Фајронт за Кембриџ аналитика

СЦЛ групацијата започна процедура за затворање и прогласување банкрот на компанијата ќерка Кембриџ аналитика, заради скандалот со искористување на податоци и некоректно однесување за време на американската претседателска кампања во 2016.

Тесла без дно

Иако никој не ја оспорува генијалноста на Елон Маск, на тие што се занимаваат со финансии комплетно не им е јасно што и како тој размислува на тема пари во време кога Тесла губи по 6.500 долари на минута.

Мет Грејнинг: Луѓе сакаат да се преправаат дека се навредени

Човекот што ги создаде Симпсонови за прв пат реагираше на критиките околу Апу по документарецот на комичарот Хари Кандаболу од Њујорк за тоа како ликот бил употребен за да го малтретираат додека растел во САД.

Депресивно е колку не се може без анти-депресиви

Зад клиничките испитувања на лекарствата стојат фамацевтските компании и тоа знае да биде катастрофално по јавното здравје поради различниот интерес на општото добро и приватниот мотив за максимирање на профитот. За среќа, постојат алтернативи; за жал, не и политичка волја тие да се поддржат. 

САД и Авганистан: напред, назад, нема где

Во последниот бомбашки напад од пред два дена во Кабул и Кандахар загинаа над 50 лица, и кога тоа се случува по 16 години воено присуство на САД во земјата процената е дека светската супер сила се наоѓа во ситуација во која ниту може да ја добие војната, ниту да ја запре, ниту пак може да замине.

Трамп ми диктираше да напишам дека е здрав

Поранешниот лекар на актуелниот американски претседател тврди дека луѓе од Белата куќа лани упаднале во неговата ординација и ја однеле целата документација за Трамп откако овој во медиуми откри дека со години му препишувал препарати за раст на коса.

Американски судија бара Иран да им исплати 6 милијарди долари на жртвите од 11 септември

Секое семејство на загинатите од 11-ти септември треба да добие по 12,5 милиони долари за сопруг/а, 8,5 милиони долари за родител, 8,5 милиони долари за дете и 4,25 милиони долари за брат / сестра. На ова е плус и годишна камата од 4,96% која им се брои од 11 септември 2001 до денес.

Како помогнав во падот на Хилари

Новинарката на Њујорк тајмс Ејми Чозик објави книга во која пишува за своето искуство од двете претседателски кампањи на Хилари Клинтон, посебно осврнувајќи се на тоа дали медиумите, вклучувајќи се и самата себе, придонеле за рушење на стандардите.

Трамп: ЕУ е создадена за да го искористува САД

Откако првично ја поштеди ЕУ од тарифите што и ги воведе на Кина, Трамп деновиве на митинг пред своите симпатизери изјави дека веројатно и Унијата ќе добие тарифи, затоа што глуми дека е фина, а цело време ги искористувала Соединетите држави.

Градот што се прослави заради Нестле, ќе остане без вода заради Нестле

Конгломератот во чија сопственост е брендот Вител, е обвинет од жителите на градот Вител дека претерал со флаширање на водата од локалните извори заради што нив ги оставил без вода.

Ким Јонг-Ун: оставете ме на раат и ќе бидете раат од мене

Претседателот на Северот на својот колега од Југот му порачал дека комплетно ќе се откаже од нуклеарното оружје ако САД и формално потпишат крај на Корејската војна и дадат ветување дека веќе никогаш нема да ја нападнат Северна Кореја.

Франција конечно го доби france.com (на сила)

Американецот со француско потекло кој го има домејнот уште од 1994 остана без истиот откако француското министерство за надворешни работи со помош на француските судови одлучи дека france.com треба да им биде препишан на нив.