„Буквално... како што реков, таа е оформена за да ги искористува Соединетите држави,“ порача Трамп пред симпатизерите во Мичиген, дополнувајќи дека никоја од овие земји, ниту Кина, ниту Јапонија не се виновни за тоа, туку вината паѓа на претходните претседатели на САД кои дозволиле такво нешто.
Според него, за САД е многу тешко да продава во Европската Унија заради сите блокади што таа ги има воведено, ама планира тоа да го смени и да ја отвори Унијата.
Под „отворање“ најверојатно ќе бидат преземени истите мерки како и против Кина, на која и беа наметнати дополнителни давачки за извоз на производи од метал и останати продукти во САД. Помилувањето околу дополнителни тарифи што ЕУ во март го доби од САД истекува деновиве.
Околу потенцијалните проблеми од можното започнување трговска војна со ЕУ, Трамп порачува:
„На краток рок може ќе има некои проблеми, ама на долг рок - ќе бидете многу среќни, ќе ни го отворат (пазарот), или ќе престанеме да соработуваме со овие држави.“
1-ви мај е последниот ден од ултиматумот на Вашингтон до ЕУ, во кој се бара или Унијата да го ограничи извозот во САД или да се соочи со високи тарифи за железо и алуминиум.
Сличен ваков ултиматум беше испратен и до Сеул, по што во март годинава Јужна Кореја се согласи да го намали извозот на метал во САД за 2,7 милиони тони годишно, и за два пати да го зголеми увозот на автомобили од САД.