Маск и Тесла остануваат икони на автомобилите на електричен погон, но сè наоѓаат под зголемен поголем притисок од големите традиционални произведувачи како што се Дајмлер и Фолксваген кои сè поагресивно влегуваат на територија на Тесла.
Ова е особено видливо по најновата нарачка на Фолксваген на батерии вредна 48 милијарди долари, колку што изнесува целокупната пазарна вредност на Тесла во овој момент.
Неизвесноста околу лидерскиот статус на Тесла се зголемува ако се знае дека Фолксваген за 4 дена прави повеќе автомобили отколку што Тесла прави за една година.
До 2015 година оваа компанија планира да продава по три милиони електрични возила годишно, им најави ЦЕО-то на Фолксваген на инвеститорите на годишната средба на нивните акционери.
„До 2020 на нашите корисници ќе им понудиме над 25 нови електрични модели и преку 20 хибридни возила. Планираме за само неколку години, преку сите наши брендови, да ја имаме најголемата флота на електрични возила во светот“, изјави Херберт Дис.
Велат дека се повидлива е нервозата кај ладнокрвниот Маск кој во последно време почна на неговите критичари да им враќа дека му поставуваат досадни прашања.
Најдоходовниот бренд на Фолскваген, Ауди, ќе почне да го произведува својот прв електричен СУВ во август оваа година, по што за следната година се најавува купето со четири врати 'Mission E' на сестринскиот бренд Порше. Од 2020 ќе почнат да се штанцаат електричните автомобили со името на Фолксваген кои по цената ќе бидат споредливи со класичните автомобили од истата класа.