Британскиот тинктенк Зелена алијанса со целата своја сериозност пред Горниот дом на британскиот парламент порача дека ставовите на Рован Аткинсон се проблем за владината агенда за укинување на возилата на бензин и дизел.
Шолц и неговиот заменик-канцелар Роберт Хабек објавија дека буџетот за 2024 ќе биде со мерки за штедење, меѓу нив и предвремено прекинување на еколошкиот бонус, субвенција за купување електрично возило во висина до 6.000 евра.
Темата целосно електрични камиони стигнува и до дрвосечите на Британска Колумбија. Само во тој регион има околу 5.000 камиони што симнуваат дрвени трупци од планините. Процената е дека еден камион троши во просек троши по 2,5 мегавати енергија дневно. 5.000 камиони би трошеле 12,5 гигавати струја дневно.
Панасоник во САД гради нова фабрика за батерии за електрични возила од 4 милијарди долари која е дел од зелената агенда на американската администрација. Тоа што не е дел од агендата е електраната што работи на јаглен која ќе мора да продолжи да се ложи за да има доволно струја за фабриката.
Моментално не само што Кина има неспоредлива предност во копање на ретки метали неопходни за производство на батериите, туку таа е толку напред во обука на инженери и изградба на фабрики за производство на овие батерии што на остатокот од светот ќе му требаат децении за да ја стигне.
Новата американска агенда за борба против климатските промени треба да отвори речиси 540.000 работни места во индустријата за соларни панели, ветерници, електрични возила и батерии. Пари има. Луѓе нема.
Ако на Швајцарија зимава почнува да и снемува струја и почне да воведува рестрикции, државата, меѓу другото, ќе го забрани користењето на електрични возила за натаму-наваму.
Последниве неколку години нагло пораснале кражбите на автомобилски катализатори во САД. Нивната вредност е во металите кои ги содржат а се дефицитирни на пазарот заради глобално пореметената економија и ланци на набавки. Добро што веќе не се во мода златни заби, по улици ќе ни ги вадеа.
Таман електричните возила на многумина им се видоа како посакувана алтернатива со оваа - крај нема - цена на горивата, пазарот дига рачна. Цената на литиумот оди бестрага што ќе ја дигне цената на батериите а тоа ќе ја дигне и цената на електричните коли. А не е ни на плин да ги пребациш.
Сенаторката Деби Стабенов отворено и порача на американската јавност дека ако сите како нејзе почнат да возат електрични автомобили, тогаш сите како нејзе исто така нема да се замараат со цената на бензинот на бензиските.
Кинескиот град со 12,5 милиони жители брои 16.359 автобуси за јавен превоз, што е повеќе отколку бројот на автобуси во оптек во Њујорк, Лос Анџелес, Торонто, Њу Џерси и Чикаго, заедно. И сите до еден се електрични.
Германскиот автомобилски гигант ги израдува набавувачите на батерии за електрични автомобили со чек од 48 милијарди долари. Отприлика колку што на денешен ден чини компанијата на Елон Маск.
Елон Маск новиот Тесла роудстер го претстави како „најбрзиот сериски произведуван автомобил што некогаш е направен“ и тоа со бројки како 1,9 секунди од 0 до 100. За споредба, Тесла Модел С П100Д во „Ludicrous mode“ од 0 до 100 развива за 2,5 секунди.
Треба да излезе во 2018, ќе биде џип, во рангот на Модел Икс од Тесла, и според Јагуар ќе добацува 350 километри. Цената за сега не се знае, ама се очекува да биде над 50.000 долари. Ќе има 400 коњски сили, а 0 до 100 треба да развива за 4 секунди.