Во време кога индустријата што произведува електрични возила фати сериозен залет, клучниот елемент за производство на батерии отиде во друга насока: за само една година, цената на литиумот порасна за четири пати.
Просечната цена за метрички тон литиум пред две години беше 6,128 долари, лани достигна 13,924 а денес изнесува 59,928 долари.
Цената ќе беше и полоша доколку кинескиот јуан неодамна не паднеше сериозно во однос на американскиот долар.
„Цената на литиумот само го следи кинескиот пазар за електрични возила, а тој допрва фаќа залет. Ова е показна вежба за она што може да нè снајде во САД,“ вели брокер за Вол Стрит Журнал.
Споредбено со лани, просечната цена на електрично возило пораснала за 15,6%. Денес е 66.000 долари, што е 18.000 долари повеќе од просечната цена на стандардно возило.