Се работи за колумна на Аткинсон објавена во јуни 2023 во Гардијан, во која актерот напишал работи што подоцна се покажале како неточни.
Насловот на текстот на Аткинсон е „Ги сакам возилата на струја и бев меѓу првите купувачи, но се повеќе се чувствувам измамен.“ Таму Аткинсон ги критикува електричните возила дека се „малку без душа“ и го критикува користењето на литиумски батерии.
Неговиот предлог во текстот е возачите поретко да ги менуваат своите автомобили со што би се намалила потребата за ЕВ, дополнувајќи „Се повеќе чувствувам дека нашиот меден месец со електрични возила е при крај, и тоа не е лоша работа“ и на пријателите им препорачува да се воздржат од купување ЕВ освен ако не возат некое старо дизел возило.
Освен Аткинсон, во извештајот на Зелена алијанса се нагласени и други проблеми за зелената агенда, како недоволно полначи, високи цени на возилата и немање „јасна и конзистентна“ порака од владата.
Притоа извештајот не успева да најде никаков проблем со апсурдноста на овие програми, штом колумна од Мистер Бин може да попречи во нивно спроведување и прифаќање.