За фабриката во Де Сото и обемот на нејзиното производство ќе биде неопходно да се обезбеди меѓу 200 и 250 мегавати струја за да може да функционира, што е отприлика исто струја колку што троши помал град.
Ваквата потрошувачка на фабриката за батерии, со површина од 370.000 метри квадратни (37 хектари), ќе може да биде покриена само со помош на ближната електрана на јаглен која како дел од зелената агенда требаше да биде изгасена и пренаменета да користи природен гас.
Освен што инаку зелените електрични возила користат струја во добар дел добиена од ни најмалку зелениот јаглен, и нивното производство предизвикува сериозно загадување. Математиката е дека една келија на литиумска батерија од 6,8 килограми (15 фунти) има иста количина на енергија како и 450 грама нафта (1 фунта). За да се извадат минералите неопходни за производство на батерија за електрични возила треба да се обработат 3,1 тон камен и земја.
Ако се земе вкупно загадувањето што се создава при производство на едно електрично возило, излегува дека тоа треба да биде возено меѓу 80 и 100 илјади километри пред да влезе во минус со загадувањето.