Шенџен ја држи водечката позиција и во Кина, низ која моментално возат 385.000 електрични автобуси, или 99% од вкупниот број електрични автобуси во светот. Земјата на секои пет недели додава по 9.500 автобуси со нула загадување, што е еднакво на вкупниот број автобуси за јавен превоз во Лондон. За секои 1.000 автобуси на батерии што се во оптек, Кина ќе заштеди 500 барели дизел.
Најавите се дека по Шенџен и други кинески градови ќе бидат идентично зачистени, во што значително помагаат и владините субвенции, кои покриваат околу половина од цената на купување нов електричен автобус, односно 150.000 долари од вкупната сума.
Освен здравје и чист град, оправданието зад сумата е и дека на долг рок, благодарејќи на ниските трошоци за работа и одржување на овие автобуси, тие на крај од својот работен век ќе бидат поевтина варијанта отколку стандардните автобуси. Процените се дека новите електрични модели имаат една третина од трошоците за работа и одржување во споредба со дизел автобусите.
Паралелно со набавката, градот изгради и мрежа на терминали за полнешње на автобусите, кои ќе можат да бидат користени и од возачите на останатите возила на струја. Новата флота му помогна на градот да ги постигне зацртаните нивоа за квалитет на воздухот во 2016 и 2017.
П.С.
Од домашните успеси на тема јавен превоз, го наведуваме ова.