Станува збор за компанијата Емердата во чиј борд меѓу другите се Ребека и Џенифер Мерсер, ќерките на инвеститорот и еден од основачите на Кембриџ аналитика, како и еден од главните финансиери на Бреитбарт на Стив Бенон, Роберт Мерсер.
Меѓу претходно познатите ликови во бордот на Емердата членува и Александар Никс, ЦЕО-то на Кембриџ аналитика, кој во март беше отпуштен од компанијата по снимките кои беа објавени од британскиот Канал 4, како и Џулијан Витленд, претседателот на мајката компанија на Кембриџ аналитика, СЦЛ груп.
Според документите Емердата е формирана од Витленд и Александар Тајлер, директорот за податоци на Кембриџ аналитика. Позицијата на Никс во компанијата се уште не е позната, а седиштето на Емердата е во Канари варф, истата зграда во која се наоѓа и СЦЛ груп.
Уште еден забележителен лик во компанијата е Џонсон Чун Шун Ко, заменик претседател на Фронтиер сервисес груп, приватна компанија која се занимава со приватно обезбедување во Африка. Ко е заменик на Ерик Принс, човек со две главни ставки во своето резиме: основач на Блеквотер (платениците што ја истераа војната во Ирак и Авганистан кога САД сакаа да се олабават од жртви во регуларната армија) и брат на Бетси Де Вос, министерката за образование во администрацијата на Трамп.
Инаку, за време на претседателските избори во САД, Принц донираше пари во фондот основан од Роберт Мерсер, од каде во 2015 - 2016 на Кембриџ аналитика и се исплатени 1,5 милиони долари.