Вести

Во Швајцарија ти се извинуваат ако поради пенисот помислат дека си маж

Во зона за капење ексклузивно наменета за жени нудистки, пред некој месец им се натопорил угол гол маж со брада, маљави гради и соодветен машки алат меѓу нозете. Викал дека има право таму да ги клати своите слободни тестиси бидејќи се идентификува како жена. И навистина го имал променето полот, што во Швајцарија е прелесно. Подоцна му се извинувале од градот.  

За смртта на професорот кого Кембриџ нејќеше да го провери

Џејсон Ардеј, најмладиот црн професор во Кембриџ, беше пронајден мртов само неколку дена откако поднесе оставка на престижната позиција среде жестоката кампања и сомневања за академски плагијат и фотошопирање на биографијата. Кембриџ упорно ги игнорирал предупредувањата и сега ќе трпи штета. Но уште поголема штета ќе има кај оние на кои животот на Ардеј им даде лажни надежи за можни чуда со тежок аутизам. 

Пола милијарда долари за нула гранати

Американските даночни обврзници му дале на „Џенерал Дајнамикс“ 533 милиони долари за нова фабрика која требало да произведува гранати за Украина. Роботите се палеле, работниците седеле без да прават ништо. Објектот извадил точно нула употребливи гранати. Откако производните линии биле затворени, истата единица на „Џенерал Дајнамикс“ добила уште 2,5 милијарди долари во договори. 

Речник

Враќање на Гестапо

Германија ја урива бариерата меѓу полицијата и тајните служби, поставена после ерата на Хитлер. Германскиот кабинет одобри пакет нацрт-закони од 700 страници со кои масовно се прошируваат овластувањата на нејзините домашни и странски разузнавачки агенции. „Ги претвораме нашите разузнавачки служби во вистински тајни служби“, гордо рече за реформата сојузниот министер за внатрешни работи Александар Добриндт.

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Психологијата на паничното купување

Стравот од ковид -19 не доведе само кај нас до празнење рафтови и купување огромни количини „стратешки“ производи. Освен дека глупоста е рамномерно распоредена на земјината површина, универзалноста на таа паника говори за тоа дека примарните биолошки механизми не фермаат ни големина на БДП ни развиеност на „check and balances“ ни други ставки кои ни се битни во нормални времиња.

Автомобилските гуми се бетер поштетни од автомобилскиот ауспух

Тоа што честичките гума што летаат од тркалата на возилата не ти се воочливи на ист начин како издувните гасови е веројатно најголемата измама околу загадувањето што не ја забележуваме.

Електраната што се сети на биткоинот

Вишокот електрична енергија е еден од најнепрофитабилните и општо расипнички дел од работењето на електро-централите, барем додека не ти текне да почнеш да редиш компјутери и да копаш криптовалути.

Има ли патник во авионот?

Стравот од коронавирусот и Ковид -19 драматично го спушти бројот на патници. Но, поради правилата на индустријата, авиопревозниците мораат да го одржуваат бројот на летови за да не го изгубат местото во распоредот.

Филџан профит

4,6 милијарди евра годинава Британците ќе потрошат само на кафе за носење / седење, плус на ова е кафето што го прават по дома (ако воопшто прават).

Коронавирус за цела сала

Млад пар се враќа дома во Нов Зеланд од одмор во Северна Италија. Девојката се враќа со коронавирус, дечкото без. Неколку дена подоцна дечкото оди на концерт во една од најголемите сали во новозеландски Оукленд.

Како отоманскиот сон на Ердоган се распадна во Сирија

Намерата на Турција да се наметне како светска сила (што би била прва светска сила без нуклеарно оружје) моментално заглави на пола пат меѓу откачување на НАТО и Западот од една и покажување сила на Русија од друга страна.

300.000 Романци изградија болница од 30 милиони евра

Фрустрирани од лошото државно здравство Романците започнаа направи сам кампања, чиј краен резултат е болница на 8 ката која треба во 2021 да биде пуштена во употреба.

Не е само какви сè отрови дишеме, туку и какви „отрови“ слушаме

Откако секој ќе направи виц за музиката што него не го бендисува, да појасниме дека се работи за многу посериозен проблем со аудио загадување во градовите и новите бројки се дека секој пети жител на ЕУ е изложен на штетно загадување со галама, односно тоа што не го ни чувствувате дека бучи насекаде околу вас се додека не отидете на планина или некоја пустелија. И ова само ќе продолжи да расте во иднина.

За Корона молчењето е злато (барем до сега)

Во период кога е во мртва трка со вирусот околу тоа кој ќе биде попрепознатлив под името „Корона“, производителот на Корона реши сè ова што се случува околу називот на својот производ да го истрпи со молчење.

2019 донесе 31.000 нови ултра-богаташи

За тие што сакаат да видат до каде се, супер-богаташ е човек чие нето богатство се проценува на над 30 милиони долари.

Турција со рестрикции на извозот на медицинска заштитна опрема

Како дел од мерките за предострожност за заштита од коронавирусот 80-милионската Турција се одлучи на ригорозни рестрикции на количините медицинска заштитна опрема што се извезуваат од земјата.

Како за малку е избегнат судир меѓу Холандија и Русија во Украина

Кога во јули 2014 авионот од летот МХ17 полн со холандски патници е соборен над Украина, холандската армија веднаш става 1.000 специјалци на низок старт да тргнат за Украина за да го обезбедат местото на кое се наоѓаат остатоците од малезискиот патнички авион.

На велики вторник воскресна Бајден

Во моментов сите гласови не се преброени но контурите на големата слика се јасни. После супер вторникот, кај Демократите постојат двајца луѓе: Берни Сандерс и Џо Бајден. Постои и Мајк Блумберг ама тој со свои пари што сака нека прави. Постои и Елизабет Ворен која помина пристојно само во својот Масачусетс и би било ферски да се откаже и да го поддржи Сандерс.   

Во дувлото на измамниците

Иако „нигерискиот принц“ е синоним за он-лајн измами, Индија е светскиот расад на интернет измамници, кои работат далеку пософистицирано, па имаат и далеку побројни жртви.

Коронамитови

Главно нешто што треба да запаметите додека да пројде вирусот и паниката е дека миење раце (темелно) е многу поважно од тоа дали и каква маска ќе носите.

„Стоп Сандерс“ фронтот излезе на виделина

Двајца кандидати на демократите само што се откажаа од претседателската кандидатура и го поддржаа Џо Бајден, а пред гласање на Супер вторник излегоа и неколку истакнати конгресмени од Демократската партија кои јавно ја искажаа својата поддршка за Бајден.

Грета и компанија му пресудија на зеленилото во Бристол

Стотици луѓе ги повикаа организаторите на големиот собир на Грета Тунберг во Бристол да платат за штета што ја направиле над зелените површини во градот.

Њујорк тајмс: Зошто успехот на Њујорк тајмс може да е штетен за новинарството

Во 2014 акциите на Њујорк тајмс се пред колапс, а компанијата има продадено речиси сè освен мебелот за да може да продолжи да работи. Денес медиумот е речиси недостижен за останатите новински организации во САД и тоа може да заврши лошо, пишува за Њујорк тајмс новиот колумнист на Њујорк тајмс, Бен Смит.

Блумберг за свои пари глуми Претседател на САД

Кампањата на милијардерот купи прајмтајм слот за реклами, за Блумберг да може да глуми претседател на земјата во време на криза, конкретно епидемија на коронавирус.

Неочекуваниот геј проблем на Пит Бутиџеџ

Во конзервативни и традиционалистички средини, нечија политичка кариера може веднаш да заврши ако му извадат муабет дека е геј. Америка го има поминато тој рубикон па во 2020-та го имаат првиот кандидат за претседател кој отворено е геј. Но, Пит Бутиџеџ сега има сосема поинаков проблем со својата сексуална ориентација. Неговите му замераат дека е премалку геј. 

Дали топлото време ќе го убие коронавирусот?

Ако се однесува како инфлуенца, пролетта навистина носи добри вести, со тоа што не треба да се заборава дека на половина од планетава допрва доаѓа зима. Бонус добри вести има за жените кои треба да му кажат фала на својот дупли икс хромозом.

Новите коли загадуваат повеќе од старите?

Автомобилската индустрија оди во рикверц кога е во прашање справувањето со климатската криза, е заклучокот на ново британско истражување според кое сите сте запнати што поголема кола да купите.

Милијардата е пројдена

Потрошувачката на реклами за партискиот конкурс на демократите за американските претседателски избори веќе ја надмина границата од 1 милијарда долари, а над половина од парите доаѓаат од кампањата на Блумберг.