Супер вторникот е битна фаза од изборите за партиски кандидат не само големиот број делегати кои се жнеат повеќе држави одеднаш туку и затоа што тоа е првиот релевантен „снепшот“ на расположението на гласачкото тело што одредува и кој ќе има пари да продолжи со изборниот маратон а кому донаторите одеднаш ќе престанат да му креваат телефон.
Берни Сандерс и натаму е силен но овој супер вторник ќе се памети по неочекувано одличните резултати на Џо Бајден кому ова му беше последна шанса да го фати возот бидејќи партиската централа (кои нагалено се нарекуваат умерените) почна да врти опашка кон Блумберг и неговите пари, вагајќи дали да го пикира за нов миленик против Берни од кого имаат уплав. Пласманот на Бајден го помогнаа и умерените Бутиџеџ и Клобучар кои после Јужна Каролина се повлекоа од трката и му дадоа поддршка.
Резултатите се собираат и допрва ќе се анализираат. Во моментов е вака (кликни на сликата):
Се гласа и кај Републиканците ама бидејќи кај нив нема реален протикандидат на неприкосновениот Трамп, не се интересни.
Во септември 2015 година се прашавме: „Дали Америка е подготвена за демократијата наречена Берни Сандерс?“ И после 4 годишно зреење, тоа прашање останува отворено.