Аудио загадувањето во градовите предизвикува физички и ментални болести, се поврзува со зголемени нивоа на срцеви заболувања, стрес и бессоница, и идентично како ПМ честичките и тоа немате поим дека е насекаде околу вас и дека константно ве упропастува.
ЕЕА (European Environment Agency) проценува дека годишно околу 12.000 смртни случаи во Европа се предизвикани од аудио загадување, а истиот фактор е одговорен и за 48.000 случаи на исхемични срцеви удари.
Во Европа над 113 милиони лица се изложени на галама над 55 децибели само од автомобилски и останат копнен сообраќај. Ова е границата над која според СЗО буката станува опасна за човековото здравје. Плус на ова се 22 милиони изложени на високи нивоа галама од железница, и 4 милиони луѓе изложени на високи нивоа бука од авиони.
Од ЕЕА објаснуваат дека ова не се комплетни бројки бидејќи повеќе членки на ЕУ не ги испратиле потребните податоци за кои според ЕУ директивата за галама крајниот рок бил 2017. На агенцијата и фали околу една третина од податоците.