Таг: аудио загадување

Не е само какви сè отрови дишеме, туку и какви „отрови“ слушаме

Откако секој ќе направи виц за музиката што него не го бендисува, да појасниме дека се работи за многу посериозен проблем со аудио загадување во градовите и новите бројки се дека секој пети жител на ЕУ е изложен на штетно загадување со галама, односно тоа што не го ни чувствувате дека бучи насекаде околу вас се додека не отидете на планина или некоја пустелија. И ова само ќе продолжи да расте во иднина.

Животот во град е штетен за психа на начини кои допрва ги откриваме

Повеќе од еден век знаеме дека физичкото опкружување влијае на менталното здравје на луѓето. Како што минува време научници и доктори само трупаат нови докази за тоа какви се дијагнози и психички состојби се предизвикани со самото тоа што некој живее во град. И стандардно, колку повеќе накај центар на град, толку е полошо.

Што фали скопските џамии да користат вајбер?

Во обид да го намалат звучното загадување во главниот град, властите во Гана ги замолија одговорните мујезини во градските џамии, наместо да рокаат звучници, да ги повикуваат верниците на молитва преку WhatsApp. Нормално, овие веднаш реагираа дека е тоа шејтанска идеја.

Аудио загадување, саундтракот на нашиот живот

Половина од искуството што ние го водиме како „се одморив на планина на чист воздух“ всушност нема никава врска со воздухот, туку со градската бука и недостатокот на истата. Направи сам: тргни пешки накај Средно Водно, тоа што ќе го чуеш како ти зуи во позадина, тоа е аудио загадувањето во кое живееме како да ни е природна состојба.

Може ли бре малку тишина?

Џорџ Прочник во Њујорк Тајмс моли за тишина и пишува дека секојдневната бучава на модерното живеење ни го гризе здравјето и ја убива човечката мисла. Кетлин Волдман во Слејт реагира: Дај заќути.