На страна социолошки проблеми како самотија и стрес причинети од живеење со уште десетици илјади други луѓе, појави како загадување на воздухот или аудио загадување (сообраќај, градење, комшија што буши...) се проблемите со кои се повеќе научници се зафаќаат за подобро да разберат ги разберат трајните последици од истите. Проблемите само се очекува да пораснат бидејќи ако во моментов околу половина од светското население живее во градови, до 2050 се очекува тоа да изнесува речиси 70%.
Откако германски научници од Централниот институт за ментално здравје во Манхајм се зафаќаат со истражување на влијанието животот во градовите, тие се на став, кој дополнително треба да го потврдат, дека метали како олово, пестициди и аудио загадување предизвикуваат депресија. Она во што Германците се многу посигурни во своето истражување е загадениот воздух, кој кај предизвикува проблеми со дишење и срце, кои секоја година убиваат милиони луѓе, кај преживеаните го зголемува ризикот од психијатриски проблеми.
Според нив градовите се добри за најголемиот број аспекти на човечкиот живот, но менталното здравје ја покажува лошата страна на градовите.
„Загадениот воздух е поврзан со депресија, анксиозност и психотични искуства како параноја и слушање гласови,“ објаснуваат германските научници.
Не станува збор за директна и задолжителна поврзаност, туку целата работа е многу покомплицирана. Ако живееш во близина на булевар, автопат или над кафеана, тоа не значи дека обавезно ќе патиш од депресија „бидејќи менталните болести се предизвикани од комплексен заплет на генетика и животни околности.“ Меѓутоа се знае дека опасности како загаден воздух го зголемуваат вкупниот ризик кај луѓето, посебно кај оние кои веќе се ранливи заради други причини.
Секако кај сиромашниот дел од популацијата (во кој било град низ светот) сите овие фактори само се влошени:
„Кај луѓето во сиромашните заедници, влијанието од ова е посебно силно; не само што финансискиот стрес придонесува за депресија, туку и соседствата со луѓе со ниски примања се соочуваат со непропорционално високи нивоа на загаден воздух, аудио загадување и изложеност на олово,“ пишува Кејт Багали во текстот за Популар саенс.
За Андреас Маер-Линдберг од Институтот во Манхајм човештвото премалку знае за опасноста од живеење во градовите, посебно во однос на психичкото здравје, меѓутоа сите факти наведуваат дека тоа предизвикува опсежни психички проблеми.
Она во што научниците се сигурни е дека како што околината може да ни наштети, така може и да ни помогне, но не градската околина, туку природата - шуми, планини, паркови, езера, мориња. По оваа основа една студија покажува дека по прошетка во природа луѓето се многу помалку склони кон постојано размислување околу сопствените грешки и проблеми; друга студија покажува дека прошетка во природа ја смирува активноста во неколку региони на мозокот.