90.000 случаи на заразени од кои 3.000 завршија со смрт е досегашниот исход од ширењето на коронавирусот. Ни криви ни должни од ова штета трпи и пивото „Корона“, па една неодамнешна судија открива дека во моментот 38% од американските пивопии не би купиле Корона пиво. Инаку, Корона е трето по продаваност пиво во САД. (Корона ги негира овие бројки и тврди дека продажбата тера стандардно добро како и пред вирусот.)
На страна ова, за време на целата епидемија, Корона пивото беше дел од прилично распространети (и прилично евтини) мемиња и неброени фори.
Сфаќајќи ја тежината на ситуацијата и дека во моментот баш и не е складно да пробаат „на шала“ да тераат некаква кампања за поткрепување на брендот, од Корона решаваат едноставно да молчат, па тие избегнуваат и да даваат јавни коментари или на социјалните мрежи да зборуваат за сличностите на името.
„Без разлика колку ова е логично, тоа не може да е лесна одлука. Изворите од маркетинг агенциите со кои зборував објаснуваат дека несомнено имало разговори во рамки на брендот и неговите агенции за тоа како да се справат со ситуацијата. Во изминатите 15 години, како што социјалните медиуми се развиваат, на брендовите им беше кажано дека тие треба да учествуваат во јавниот разговор околу нивниот бренд. Како резултат на ова брендовите дежураат 24 часа, и секој од нив се обидува да го создаде својот Орео момент,“ пишува Џеф Биар во Фаст компани.
Ова на Корона делумно и успева и затоа што нејзиното досегашно присуство на социјалните медиуми г„може да се опише како енерично пиварско“ и таму главно зборува за времето, спорт и тера свои промоции, „без да има некој изразит глас и карактер“.