Во дувлото на измамниците

Иако „нигерискиот принц“ е синоним за он-лајн измами, Индија е светскиот расад на интернет измамници, кои работат далеку пософистицирано, па имаат и далеку побројни жртви.

На пример само во Британија годишно стотици илјади лица паѓаат како жртви на вакви измами. Еден Британец макотрпно работи и успева да упадне во системот и надзорните камери на еден ваков индиски центар за он-лајн измами.

Човекот на интернет се идентификува како Џим Браунинг, и освен упадот во безбедносните камери, успева да дојде и до 70.000 снимени телефонски разговори на Индијците, во кои открива како тие функционираат.

Главно, на оваа група, измамата се базира на тоа дека имаш проблем со Виндоусот и дека веднаш треба да се јавиш на телефонот на Микрософт за да ти помогнат да го решиш проблемот.

На Џим му е јасно дека тоа што го прави е нелегално, но аргументот му е дека сака да ги запре измамниците па снимениот материјал освен што го објавува на Јутјуб, успева да го протне и кај Би-би-си Панорама.


Плус тука е и поопширното видео на Браунинг:

3 март 2020 - 16:46