На петочниот протест на младите против климатските промени се проценува дека излегле околу 15.000 лица, кои беа прилично разумни и внимателни. Она што организаторите не можеа да го контролираат е времето, кое стандардно за Британија и ова време од годината беше врнежливо и влажно.
Комбинацијата на временските услови со толпа од 15.000 луѓе ги претвори парковите во Бристол во јавно калиште.
Згрозени од изгазените тревници, Британците прво организираа собирање пари за нивно репарирање, за потоа да побараат организаторите да сносат одговорност за тоа што го оставија зад себе.
Пораката на организаторите е дека такви биле условите.
Од градскиот совет на Бристол порачале дека иако паркот е целиот претворен во кал, сепак позициите со цвеќиња се недопрени, што значи дека посетителите сепак биле внимателни. Присутните се пофалени и од полицијата на Бристол за нивното пристојно однесување.