2019 донесе 31.000 нови ултра-богаташи

За тие што сакаат да видат до каде се, супер-богаташ е човек чие нето богатство се проценува на над 30 милиони долари.

Со овие 31.000, бројот на ултра-богаташи бележи годишен раст од 6%, или неверојатни тројца нови супер-богаташи на секој час. Во 2018 на пример растот е само 4%.

Најголемиот дел од нив очекувано доаѓаат од Северна Америка, 13.911, Азија додава 11.788 богаташи, а Европа придонесува со 4.682 богаташи. Овој тренд се очекува да продолжи, па во следните 5 години бројот на ултра-богаташите треба да порасне за 27%.

Во пракса ова значи дека во 2024 низ светот ќе има околу 650.000 поединци кои имаат најмалку 30 милиони долари.

Како што ќе објасни агентот за луксузни недвижнини во Њујорк, Леонард Стајнберг, ова се бројките на кои се пали неговата фела, а не годишните извештаи за најбогати луѓе на светот.

„Класата милијардери е мала група на луѓе и тие се повеќе се секаде презастапени.

Помалку познатите богаташи не добиваат ни приближно исто внимание, а луѓето што работат со недвижности од близу следат каде тие се наоѓаат,“ изјавува Стајнберг.

Ваквата наклонетост на Стајнберг кон немилијардерите богаташи е само надополнета од една анализа на нивните глобални навики која предвидува дека ултра-богаташите во 2020 парите ќе ги насочат кон инвестиции во злато и недвижности.

4 март 2020 - 13:23