Од сега компаниите ќе мора да добијат одобрение од турската влада за да извезуваат медицински маски, ракавици, заштитни наметки и очила. Слични мерки преземаа и други држави низ светот.
Турција до сега нема пријавено ниту еден случај на коронавирусот, меѓутоа земјата е прв комшија со Иран која е најтешко погодената држава после Кина.
Најголемиот производител на медицински заштитни маски во Турција, МФА Маск, објави дека производството го зголемиле на три смени, во споредба со едната смена што стандардно ја тераат. Зголемувањето на производството е предизвикано и од одлуката на Кина да престане да извезува ваква опрема.
„Голем број владини институции и болници во Турција веќе имаат направено нарачка за заштитни маски како мерка против ширењето на коронавирусот,“ изјавил првиот човек на компанијата.
Турција исто така ги укина сите патнички летови со Италија, Јужна Кореја и Ирак, а започна и проверка на патниците кои доаѓаат од странство.