Вести

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Од плукање по западнотo образовaние до доцент на Кембриџ

Фијаското со плагијатот на Џејсон Ардеј не е единствениот сериозен удар врз угледот на Универзитетот во Кембриџ. За доцент на истиот факултет за образование е поставена поранешна следбеничка на забранета терористичка група, која отворено го отфрлала западниот образовен систем, дури и природните науки, затоа што наводно биле насочени против Исламот.

Речник

Базен во Берлин резервиран само за црнци

Јавен базен во центарот на Берлин отворен заради разладување на граѓаните од летните горештини, утре ќе биде резервиран само за „црнечките заедници“. Театарот кој ја постави „оазата“ е обвинет дека спроведува отворена расна сегрегација со 300.000 евра од даночните обврзници и го крши законот против дискриминација врз расна или етничка основа.

Исцрпени морнари од „Абрахам Линколн“ сакале да се фрлат во море

Изложени на постојан психички стрес и мисија од 260 дена на отворено море, најмалку шестмина морнари од американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ се обиделе да се самоубијат. Конгресмени во Вашингтон бараат истрага за тешките услови и третманот на кои се изложени морнарите во воената операција против Иран, на која не ѝ се гледа крајот.

Како Франција стана колонија на големите технолошки компании

Со капацитетот за нуклеарно одвраќање, Де Гол ѝ обезбеди на Франција достоинство за време на Студената војна. Помпиду со нуклеарните реактори ја заштити земјата од енергетски потреси. Макрон сака да влезе во историјата како претседател кој се спротивставил на дигиталната колонизација на Европа. Ако Французите не се побунат против валканите дата-центри.

Пандемијата го отсвирува своето?

Новата чешка влада го укина декретот по кој вакцините ќе беа задолжителни за сите над 60 години и за клучните социјални работници. Ирска реши да ги дигне речиси сите ковид рестрикции а Светската Здравствена Организација оцени дека забраните за патувања се неефикасни и побара државите да ги укинат или олабават.

Прележаноста е подобра заштита од вакцинираноста

Според ноемвриска студија на која се повикуваше доктор Злате Мехмедовиќ, вакцинираните имале пет ипол пати помалку шанси да се заразат од оние кои ја прележале болеста (на што доктор Пановски имаше искуствени контра-аргументи, видео подолу). Ројтерс сега објавува нова студија во која се тврди обратно.

Во 2022 ќе се снима контент за 140 милијарди долари

Баснословните пари што во 2021 ги потрошија најголемите филмски студија/технолошки компании на снимање најразлични серии, филмови, документарци и спорт годинава повторно ќе бидат потрошени, плус уште 10% на тоа, или околу 140 милијарди долари. И ова само ќе продолжи да расте.

Јапонија бе!?!?!?

Јапонската влада како јапонска влада има нешто што се вика „Правила за официјално пишување“ кои важат веќе со децении. Во овие правила до сега никаде немаше спомнато користење на извичник и прашалници, па тие не ни беа користени во официјалната владина кореспонденција. Сега ги има.

Шпанија ќе ги спасува родителите од нивните родени џаболебари

Шпанската држава ќе им плаќа по 250 евра на млади Шпанци/Шпанки да ја пресечат папочна врска со своите родители и да се иселат од дома. Колку млади? Па до кај 35 години.

За Бил Гејтс никогаш не е доволно лошо

Да не биде после дека само тој знаел, Бил Гејтс алармира дека нè чека бетер пандемија, и наместо уште една идна несмасна реакција како за коронавирусот, владите уште од сега да почнат да инвестираат милијарди долари во борба против идни вируси и зголемување на производството на вакцини.

Како женет полицаец буквално го поебал климатското движење во Британија

Таен полицаец бил инфилтриран во движењето за климатски промени и успеал фактички да го уништи. Важел за одличен организатор и бескомпромисен активист кој попат однел во кревет десетина жени активистки.

Глејте си снегот, баталете човекови права

Спортистите што ќе учествуваат на Зимската Олимпијада во Пекинг ќе треба да извагаат што им е полесно: да поќутат дур се во Кина или да најдат кој да ги вади од кинески затвор.

Ни КГБ не е тоа што беше

Поранешниот мајор на руската тајна служба ФСБ со 12-годишен стаж, Александр Чумаков, во декември 2021 дава отказ на позицијата затоа што повеќе не сака да биде Александр туку сака да биде Катерина.

Бајден ги шитна Украинците?

Американскиот претседател ноќеска одржа прес-конференција на која многумина се плашеа/надеваа дека ќе биде објавен почеток на војна со Русија. Наместо тоа Бајден лицитираше колку многу треба да страдаат Украинците за САД да преземе нешто.

Меркел во пензија, навистина во пензија

Поранешната господарка на ЕУ вработена на позицијата Канцелар на Германија ја одбила понудата уште некоја година да поработи ама во Обединетите нации.

Микрософт го купува Активижн Близард за 68,7 милијарди долари

За овие пари Микрософт по ново ќе биде сопственик на Call of Duty, World of Warcraft, Diablo и Candy Crush. За споредба, во 2016 Микрософт го купи Линкдин за 26 милијарди долари.

Скриената цена на опсесијата со рибино масло

Процесот на добивање рибино масло почнува со машинско мелење на милиони мали риби клучни за здрави океани и нивниот систем на исхрана. Завршува со пакување по нарачка на твојот најблизок дилер на здрави суплементи.

Пандемијата им го удвои богатството на 10-те најбогати во светот

Не е тешко да се подбиваш со оние кои во пандемијата гледаат некаков план или заговор. Тешко е кога ќе дознаеш дека таа пандемија не била баш маќеа за сите и дека таа е глобален проблем за милијарди луѓе, но и бинго за шака одвратно богати персони. 

Борбата за правичност во Калифорнија мутира во безмозочност

Богатите родители треба своите деца да им ги дадат на сиромашните, а сиромашните да им ги дадат своите деца на богатите. Истата трампа треба да се направи и меѓу луѓето што имаат дом и бездомниците, и само на тој начин „Калифорнија некогаш ќе постигне вистинска правичност“.

Газпром во февруари нема планови за извоз на гас во Европа преку Јамал

Во понеделникот Газпром објави дека за следниот месец воопшто нема резервирано капацитет од гасоводот Јамал за испорака на природен гас кон Унијата. Ова е гасоводот преку кој вообичаено се испорачува најголемиот дел од рускиот гас во Европа.

Во Франција колите добија налепници за штетност

Во иднина секоја реклама за автомобили во Франција задолжително ќе треба да содржи порака дека автомобилите општо не ги бива и да ги стимулира гледачите да не користат автомобили.

Ковид-19 да ти бил слаб на канабис, во лабораторија

Соединенија од канабисот го спречуваат вирусот што предизвикува ковид-19 да продре во здрави човекови клетки, пишува Блумберг за студија објавена во Журналот за Природни производи.

44 милиони луѓе го тужат Фејсбук (Мета)

Сумата што ја бараат е 2,3 милијарди фунти, пари кои според нив треба да компензираат за тоа што Фејсбук заработувал од користење на нивните податоци по приклучување кон социјалната мрежа.

На планетава се смеат 65 видови животни

И на луѓето да им е сè помалку до смеење, планетава нема да остане намќор. До пред неколку години се сметаше дека тоа е наша ексклузивна способност, но на листата ги има доста. Никогаш ви се нема насмеано крава?

Европа полна „жолти комбиња“

Последниве години се одвивало масовно прислушување на Европјани. Неовластено се собирале и чувале лични податоци од полициски извештаи, мобилни комуникации и досиеја на лица кои бараат азил. Се работи за огромна количина податоци, еквивалентна на четири петабајти или три милиони ЦД-ромови.

Казахстан е крајот нa ерата на шарените револуции

Тоа што се случи во Казахстан се повеќе наликува на американско-турско-британско-израелски обид за државен удар драматично сопрен од нивните евроазиски противници, пишува Пепе Ескобар во Крејдл.

Џордан Питерсон: Време е за малку храброст

„Доста е, Канада. Отворете ја повторно земјата пред да скршиме нешто што нема да можеме да го поправиме“, порачува во колумна канадскиот клинички психолог Џордан Питерсон. Потсетува дека во животот не постои пат кој е без ризик и предупредува дека стравот во кој живеат, луѓето ги прави сè повеќе и повеќе авторитарни.  

Гнев после 262 дена затвор

По исцрпувачките локдауни, Австралија деновиве доживува огромно зголемување на бројот на новозаразени луѓе. За Австралијците, Новак Ѓоковиќ е најмалиот проблем, но го доживеаја како провокативен прст во око и сета огорченост што дозволија да бидат затворени две години, сега ја истураат на тенисерот.