Луѓето кои претходно биле заразени со ковид-19 биле подобро заштитени од варијантата делта отколку оние кои само биле вакцинирани, што укажува на тоа дека природниот имунитет е посилен штит од вакцините против таа варијанта, објавија здравствени авторитети од Калифорнија и Њујорк.
Заштитата од делта варијантата сепак била највисока меѓу оние кои и биле вакцинирани и имале прележано, а најниска кај оние кои никогаш не биле ниту заразени или вакцинирани, покажува новата студија.
Авторите потсетуваат дека добиените резултати не важат по автоматизам и за омикрон варијантата која денес е доминантна во повеќето земји во светот.
Од американскиот Центар за контрола на болести порачуваат дека вакцинираноста сепак останува најбезбедна стратегија против ковид па новите наоди нема да ги сменат официјалните препораки.
Пред делта варијантата, вакцинацијата резултирала со подобра заштита отколку преживување на претходна инфекција. Меѓутоа, во летото и есента 2021 година, кога делта стана доминантна варијанта која циркулира, преживувањето на претходната инфекција почна да обезбедува поголема заштита од реинфекција отколку вакцинацијата“, вели доктор Бен Силк од ЦДЦ.