Јапонија бе!?!?!?

Јапонската влада како јапонска влада има нешто што се вика „Правила за официјално пишување“ кои важат веќе со децении. Во овие правила до сега никаде немаше спомнато користење на извичник и прашалници, па тие не ни беа користени во официјалната владина кореспонденција. Сега ги има.

Непостоењето на ! и ? во правилата се должи и на тоа што во јапонскиот јазик ги нема стандардните интерпункциски знаци што најголемиот дел од остатокот од светот ги користи, па прашална реченица се прави со ставање на слогот „ка“ на крајот од реченицата.

Пример:

По ново јапонските власти признаваат „дека ова се времиња кога вклучувањето на прашалник или извичник може да ја направи појасна емоцијата или значењето на реченицата, заради што тие сега се дозволени во користење во документи, јавни соопштенија, и ПиАр кампањи“.

Последната поголема промена во овие правила се случува во 1952, кога официјално се дозволува документите да се пишуваат хоризонтално, наместо класичното вертикално пишување.

21 јануари 2022 - 11:26