„Признавам дека некои критичари, безнадежно врзани за нивната привилегија, ќе ја отфрлат ваквата политика како страотна, па дури и тоталитарна. Меѓутоа мојот предлог е прилично скромен, фузија на традиционална филозофија и најчестата политичка опсесија на денешницата,“ пишува колумнистот на Сан Франциско Хроникл, Џо Метјус.
Традиционалната филозофија на која се повикува е „Република“ на Платон, во која тој пишува дека за да се победи непотизмот и да се спречи трупање богатство децата треба да бидат заеднички одгледувани за граѓанинот да не биде лојален кон своите синови туку кон општеството.
Другата половина од логиката му се базира на тоа дека денес и онака жителите на Калифорнија подоцна влегуваат во брак и имаат помалку деца, плус анкетите покажуваат дека „голем број од нас ги прекинуваат врските со членовите на семејството со кои не делиме исто политичко размислување.“
„Но мојот предлог ќе биде обединувачки и складен со сите ценети политики на прогресивците и на трампистите.
Обидот на левичарите за воведување на анти-расизам и родов идентитет во училиштата наиде да горки реакции од родителите. Ставањето крај на родителството ќе стави крај на ова спротивставување, и ќе помогне да се уништи белиот супремитет и застарените родови норми.
Мојот предлог ќе им даде можност на демократите да изградат нов столб на социјалната демократија што ја посакуваат - систем за одгледување деца, наречен 'Посвојување за сите',“ пишува Метјус.
За освојување на републиканците тој објаснува дека ќе треба тие само да прифатат дека и онака се на негова страна, бидејќи секако веќе се залагаат за разделување на децата од родителите ама во мигрантските кампови. Кога веќе тоа го направиле „краток е патот до целосно разделување на Американците од нивното потомство.“
„Веројатно таква соработка звучи дистопијски. Меѓутоа само замислија солидарноста што универзалното сираштво би ја создало. Нема ли тие деца, израснати во еден систем, полесно да соработуваат околу климатски промени и други глобални проблеми?
Не очекувам универзална поддршка за универзалното сираштво. Неколку противници, изгубени во празните провалии на американските екстремности, можеби по емотивна основа ќе се противат на овој рационален предлог. Тие може ќе тврдат дека тежнеењето кон сопствен концепт на семејство е фундаментално за слободата. Или дека нашите разлики или пристраности, со целата штета што ја прават, исто така може да му дадат многу значење на човековиот живот...
... Меѓутоа не треба да се обрнува внимание на овие критичари, бидејќи тие не можат да видат како нашето незапирливо тежнеење кон правичноста може да создаде храбар нов свет,“ порачува Метјус.