
Двете состојки кои вообичаено се наоѓаат во коноп ЦБГА и ЦБДА (канабигеролна киселина и канабидиолна киселина) за време на испитувањата на Универзитетот Орегон Стејт се врзувале за шпицовите на вирусот и го блокирале чекорот што тој го прави за да ги зарази луѓето.
Ефектите на овие две состојки се тестирани против алфа и бета варијантата на вирусот во лабораторија.
Се работи за лабораториска студија која не опфатила давање суплементи на луѓе или споредба на стапките меѓу луѓе кои ги користеле овие состојки и оние што не ги користеле.
„Овие состојки можат да бидат земени орално и имаат долга историја дека се безбедни за луѓе.
Тие имаат потенцијал да спречат и да лекуваат зараза со САРС-КоВ-2,“ објаснува истражувачот до Орегон стејт, Ричард Ван Бримен.