На планетава се смеат 65 видови животни

И на луѓето да им е сè помалку до смеење, планетава нема да остане намќор. До пред неколку години се сметаше дека тоа е наша ексклузивна способност, но на листата ги има доста. Никогаш ви се нема насмеано крава?

Секој сопственик на домашно милениче знае дека животните сакаат да си играат, но се чинеше дека смеата е резервирана за луѓето, за неколку видови мајмуни, можеби и за пар птици кои добро имитираат звуци.

Според нова статија објавена во списанието Биоакустикс, смеењето е документирано во најмалку 65 видови.

Таа листа вклучува различни примати, домашни крави и кучиња, лисици, фоки и мунгоси, како и три видови птици. Ова е многу повеќе од што се мислеше до пред само неколку години, дека мајмуните и стаорците се единствените животни кои знаат да се кикотат, како што напиша Лиз Ленгли во Национална Географија во 2015 година.

Како научниците знаат дека глувците се кикотат? Па, ги скокоткаат. „Голицот“, вели авторот на студијата, Михаел Брехт, е еден од најслабо разбраните форми на допир.

Од друга страна, смеењето и неговите функции одамна се проучуваат.

Кога се смееме, често ги информираме другите дека ни е забавно и ги покануваме да се придружат. Овој вид на вокално однесување се споделува кај многу животни кои играат, и смеата е нашата човечка верзија на еволутивно стар вокален сигнал за играње, вели приматологот Саша Винклер од УКЛА.

Генерално, луѓето веројатно нема да ја препознаат животинската смеа. Стаорците, на пример, прават „ултразвучни вокализации“ надвор од опсегот на човечкиот слух. Смеењето на шимпанзата е многу послично, но има разлики, на пример дека тие се смеат во обата правци, и кога издишуваат и кога  дишуваат.

 

16 јануари 2022 - 08:58