Вести

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Од плукање по западнотo образовaние до доцент на Кембриџ

Фијаското со плагијатот на Џејсон Ардеј не е единствениот сериозен удар врз угледот на Универзитетот во Кембриџ. За доцент на истиот факултет за образование е поставена поранешна следбеничка на забранета терористичка група, која отворено го отфрлала западниот образовен систем, дури и природните науки, затоа што наводно биле насочени против Исламот.

Речник

Базен во Берлин резервиран само за црнци

Јавен базен во центарот на Берлин отворен заради разладување на граѓаните од летните горештини, утре ќе биде резервиран само за „црнечките заедници“. Театарот кој ја постави „оазата“ е обвинет дека спроведува отворена расна сегрегација со 300.000 евра од даночните обврзници и го крши законот против дискриминација врз расна или етничка основа.

Исцрпени морнари од „Абрахам Линколн“ сакале да се фрлат во море

Изложени на постојан психички стрес и мисија од 260 дена на отворено море, најмалку шестмина морнари од американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ се обиделе да се самоубијат. Конгресмени во Вашингтон бараат истрага за тешките услови и третманот на кои се изложени морнарите во воената операција против Иран, на која не ѝ се гледа крајот.

Како Франција стана колонија на големите технолошки компании

Со капацитетот за нуклеарно одвраќање, Де Гол ѝ обезбеди на Франција достоинство за време на Студената војна. Помпиду со нуклеарните реактори ја заштити земјата од енергетски потреси. Макрон сака да влезе во историјата како претседател кој се спротивставил на дигиталната колонизација на Европа. Ако Французите не се побунат против валканите дата-центри.

Американски авиокомпании спуштаат критериуми за пилоти

Соочени со недостаток на пилоти заради што почнаа сериозно да откажуваат летови, авиокомпании од САД планираат мерки за полесен и побрз тренинг за пилоти. Меѓу другото, веќе се бараат дозволи за двојно кратење на потребните часови летање од оние што се бараат сега.

Песната на Битлси на која свири Брајан Џонс

Не сме сигурни дали ја имаме слушнато оваа песна од Битсли (може да, може не) ама сме сигурни дека досега немавме појма дека на неа свири и Брајан Џонс, прерано починатиот гитарист на Ролинг Стонс. И тоа свири - саксофон.

Глобалната нееднаквост објаснета со американскиот фрижидер

На хорските повици од Европа и Запад да се штеди струја заради енергетската криза генерално и украинската војна посебно, африканските лидери потсетуваат: „Блазе си ви, имате што да штедите“. Еве факт: еден просечен фрижидер во САД годишно троши повеќе од еден просечен човек во дузина земји во светот.

715 бустери на расположението

Научна студија на двајца истражувачи од лондонскиот Квин Мери Универзитет резултирала со  импозантна плејлиста од 715 песни за кои се тврди дека го подобруваат расположението и го имаат  оној ефект кога песната „те дига“. Шеренолика е тоа листа пошто кога си сјебан, бадијала е да слушаш „раке пуке, раке шлаке“ па има и такви како Алелеуја на Коен или „Tears in Heaven“ на Клептон.

Њујорчани ги враќааат маските заради мајмунските сипаници

Само што помислија дека се враќаат во нормала и живот без маски по стивнувањето на короната, пациент во Њујорк се покажал позитивен на тестирање за вирус од истиот род како мајмунските сипаници. Сосема доволно здравствените власти да ги повикаат жителите повторно да стават маски во затворени простории.

Конечен камај за кварната Хилари

Поранешниот шеф на кампањата на Хилари Клинтон сведочеше дека таа лично ја одобрила идејата за доставување до медиуми материјали кои треба да бидат шлагворт за дискредитација на нејзиниот противкандидат Доналд Трамп со наводни руски врски. Во нејзиниот штаб не биле убедени дека е тоа добра идеја.

Продаден мерцедесот над сите мерцедеси

Мерцедес-Бенц 300 СЛР Уленхаут купе од 1955, едно од највисоките дизајнерски достигнувања што ги имаме остварено како човечки вид, е продаден на аукција за 143 милиони долари.

Затвори американското „Министерство за вистина“

Администрацијата на Бајден реши да ја помогне борбата за вистината на начин на кој бирократите тоа најдобро знаат да го прават, со воведување на државен контролор на вистина. Министерството за вистина не додржа ни еден месец.

Португалија вели добредојде, освен за оние од Калифорнија

На Калифорнија последниве години ѝ се случува интересен егзодус бидејќи таму сè потешко се живее, што поради трошоците, што поради разбудените малоумности кои и Л.А. прават да заличи на Грчец. Луѓе бегаат, што во Тексас и други американски држави, што фаќаат џенем преку океаните. Не се нешто омилени.

Почнува добата на оскудност

Врските што ја држат глобалната економија и ја овозможуваат испораката на изобилие низ цел свет се пред распаѓање, а пукнатините што се појавија во светската економија ќе ја надживеат и пандемијата и војната, алармира Блумберг.

Патот до неуспехот е поплочен со соларни панели

Франција своевремено храбро најави 1.000 километри пат составен од соларни панели кој требаше да обезбедува струја за дури 5 милиони домаќинства. Шест години подоцна, признаваат дека ептен го имаат утнато. Меѓу другото, не земале предвид дека таму се возат и трактори.

Сепак се плаќа

И по речиси 3 месеци војна во Украина политичкото пењавење околу енергетската независност на ЕУ не содејствува со постапките на истата таа Унија, која реши дека сепак не толку проблем што Русите бараат рубљи за своите нафта и гас.

Бајден го следат над 11 милиони лажни Твитер профили

Речиси половина од сметките што го следат официјалниот Твитер на американскиот претседател (@potus) се лажни, открива официјална ревизија на службената сметка на Бајден. Уште повеќе ги има на личниот профил на Бајден, каде од 32 милиони следбеници, 43% или 14,6 милиони се лажни.

Паѓа Ши Џинпинг?

За сега сведено на пусти желби на индиски, конзервативни американски медиуми и шпекулации на кинеските социјални мрежи, без официјални изјави, муабетите за заминувањето на Ши Џинпинг почнаа се повеќе да се актуелизираат.

БЛМ, невладина ко невладина

Новообјавени даночни пријави откриваат како ко-основачката на Блек Лајвс Метер со пари од фондацијата плаќала на пријатели и членови на семејството огромни суми за разни „консултантски“ и други услуги. Таткото на нејзиното дете добил речиси милион долари а брат ѝ бил компензиран со преку 800.000 долари.

Руската Дума со закон сака да забрани размена на заробени Азовци

Како што украинските власти јавно се тешеа дека заробениците од Азостал ќе ги ослободат преку размена за руски заробеници, така руската државна Дума иницираше спречување на каква било размена на нацистите од Азов баталјонот.

Си-ен-ен почна да споменува бркање на Турција од НАТО

Свесни дека разбирачка со Ердоган околу Шведска и Финска нема да има, Си-ен-ен почна да нафрлува топки од типот исклучување на Турција од НАТО или нејзино игнорирање.

Илон Маск: Џо Бајден е воден од „идиот“

Извршниот на Тесла предупреди дека САД наскоро можат да заличат на Венецуела ако државата продолжи да печати пари. Илон Маск се сомнева дека Бајден е главен. По него, човекот кој го мислиме за претседател на САД е под контрола на оние кои му ги пишуваат говорите. А овој чита сè што ќе му биде напишано на телепромптерот. Ко Рон Бургунди.

Азовци предадени од украински предавници?

Под наслов „Сопругите на Азов: Нашите сопрузи беа предадени од украински предавници“ британски Телеграф го пренесува сведочењето на жените чии мажи се бореа во опколената челичарница во Мариопул.

Твитер да ти бил најдобриот комунизам што некогаш постоел

Левичарската склоност на Твитер не е само во однос на „идентитетски прашања“ туку моментално компанијата функционира со такво раскалашено трошење пари и непродуктивност што треба да се среќни што платформата воопшто им работи.

Ако Америка сака да ја казни Русија, треба да ги укине 100-ките

Процената на Вол стрит журнал е дека укинувањето на банкнотата од 100 долари ќе изврши поголем притисок врз Путин отколку сите санкции до сега заедно. Зошто? Затоа што секоја една пара што им е вишок на Русите, се чува во долари, конкретно во 100-ки.

Падна Азовстал

Порачувајќи „на Украина и треба украинските херои да бидат живи“, Зеленски потврди дека над 260 украински војници од Азовстал им се предале на руските сили.

Фајзер речиси немоќен против омикрон

Имунитетот против омикрон варијантата  бледее само неколку седмици по давањето на втората и третата доза од вакцината на Фајзер, открива нова студија објавена во журналот на Американската медицинска асоцијација.

Азија се олади за руското оружје?

Сликите што доаѓаат од уништувањето во Украина, посебно на руското оружје и машинерија почнуваат да создаваат сомнежи околу квалитетот и издржливоста на производите на руската одбранбена индустрија, пишува кинеските медиуми.