Американски авиокомпании спуштаат критериуми за пилоти

Соочени со недостаток на пилоти заради што почнаа сериозно да откажуваат летови, авиокомпании од САД планираат мерки за полесен и побрз тренинг за пилоти. Меѓу другото, веќе се бараат дозволи за двојно кратење на потребните часови летање од оние што се бараат сега.

Кусокот пилоти со кои располага американскиот авио-бизнис е реален проблем и повеќето компании нема да можат да ги реализираат своите планови само затоа што нема кој да управува со авионите. Се предвидува дека за проблемот ќе нема едноставно решение во следните 5-6 години. 

Извршниот директор на Аљаска Ерлајнс им се извини на клиентите за откажаните летови, објаснувајќи дека доцна сфатиле дека им недостасуваат 63 пилоти за да ги исполнат плановите.

За да го адресираат овој проблем, некои компании најавија дека ќе ги спуштат критериумите за ангажирање пилоти, меѓу другото во врска со степенот на образование, бројот на потребни часови лет а ќе се подигнала и горната возрасна граница за поседување активна лиценца на 67 години.

Некои авиопревозници веќе побараа од Федералната администрација за авијација дозвола да ангажираат пилоти кога ќе исполнат 750 часови лет, двојно помалку од сегашните критериуми за 1.500 часа.

Сегашните критериуми се резултат на барањата на семејствата на настраданите во последната несреќа на американски комерцијален лет во 2009 година. 

23 мај 2022 - 09:19