Центарот за контрола на заразни болести черка потврда дали се работи за мајмунски сипаници бидејќи во истиот ортопокс вирус спаѓаат и кравјите сипаници, коњски сипаници, вариолата....
Вториот случај кој бил сомнителен на истата заразаза се покажал негативен на вирусот.
Здравствениот департмент ги охрабрува жителите на градот да носат маски во затворени простории, исто како за ковид и грип. Мајмунските сипаници се пренесуваат преку допир но и преку капки во воздухот.
Во петокот Светската здравствена организација одржа вонреден состанок на оваа тема, откако во дузина земји во Европа, како и во Израел, Канада, Австралија и САД беа регистрирани стотина случаи на овој вирус.
Веќе почнаа да се тркалаат муабети дека и ова ново сценарио е веќе навежбано (види: ПРЕД ЕДНА ГОДИНА ВЕЖБАЛЕ ПАНДЕМИЈА НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ И СПОРЕД СЦЕНАРИОТО УМРЕЛЕ 250 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ОД ВИРУСОТ) а доктор Пановски смирува дека мајмунските сипаници се повеќе интересни за медиумите отколку што се опасни:
„Мајмунските сипаниците не се шират како грип и нема потреба од мерки, особено што има само 20 заразени во Британија, јас повеќе ги гледам како интересни за медиумите или дефокус од реалните проблеми отколку сериозна закана. Не се ниту смртоносни ниту премногу опасни како Вариола вера на пример. Единствено што може да остават белези по телото. Лани имало само двајца заразени во САД“, вели тој.