Конечен камај за кварната Хилари

Поранешниот шеф на кампањата на Хилари Клинтон сведочеше дека таа лично ја одобрила идејата за доставување до медиуми материјали кои треба да бидат шлагворт за дискредитација на нејзиниот противкандидат Доналд Трамп со наводни руски врски. Во нејзиниот штаб не биле убедени дека е тоа добра идеја.

Поранешниот менаџер на кампањата на Клинтон, Роби Мук, потврди дека тогашната демократска претседателска кандидатка Хилари Клинтон го одобрила медиумското дисеменирање материјали во кои се тврди дека постои таен канал за комуникација меѓу Организацијата Трамп и руската Алфа банка.

Ден претходно, поранешниот генерален советник на ФБИ, Џејмс Бејкер, сведочеше дека бирото ги истражувало податоците за поврзаноста на Трамп со банката поврзана со Кремљ и открило дека „таму нема ништо“.

Овие сведочења се дел од случајот против Мајкл Сусман, човекот кој ги има доставено го ФБИ документите кои го товарат Трамп. Тој сега е обвинет за лажење на бирото бидејќи тврдел дека нема клиент кој може да ја дискредитира неговата улога на свиркач.

А имал. Се вика Хилари Клинтон.

„Последните три години од покривањето на фамозниот Русијагејт - во кои американски новинари се изнадобија Пулицери и други награди и покрај повеќекратните опасни грешки и резили - известувањата речиси комплетно се темелеа на анонимни и непотврдени гласини на оперативци на Дип стејтот (да, тој термин апсолутно им стои на САД)", го пренесовме Глен Гренвалд, во статијата „Перверзиите во бракот меѓу службите и медиумите

Види и:

Како на Американците им се згади естаблишментот и медиумите (прв дел)

21 мај 2022 - 10:40