Без разлика кој ќе го воведе и без разлика на која страна си во моментот кога ќе биде воведено, секое „министерсто за вистина“, секаде во светот, во секоја своја форма, е комисија за цензурирање.
Ваквата творевина на Бајден, беше поставена како дел од Министерството за домашна безбедност, со официјален назив Борд за контрола на дезинформации. Првиот работен ден на Бордот беше на 27 април. Три недели подоцна директорката на бордот, Нина Јанкович, објави дека си поднесува оставка, а проектот е ставен на „пауза“ на неодредено време.
Меѓу предлозите што ги имаше Јанкович за овој краток период беше да им се дозволи на верификувани Твитер корисници „да ги едитираат твитовите на други корисници, кои содржат невистини“.
Бил Маер за „Добата на дезинформации“: