БЛМ, невладина ко невладина

Новообјавени даночни пријави откриваат како ко-основачката на Блек Лајвс Метер со пари од фондацијата плаќала на пријатели и членови на семејството огромни суми за разни „консултантски“ и други услуги. Таткото на нејзиното дете добил речиси милион долари а брат ѝ бил компензиран со преку 800.000 долари.

Документите откриваат дека на компанија во сопственост на Дејмон Тарнер, татко на детето на Патриша Кулорс, БЛМ платиле речиси 970.000 долари за „креирање настани“ и други „креативни услуги“.

Нејзиниот брат, пак, Пол Кулорс, добил повеќе од 840.000 долари за обезбедување на фондацијата. Врхушката на БЛМ се обидува да го оправдаат ова велејќи дека заштитата на фондацијата не можело да им се довери на други фирми за обезбедување бидејќи со нив обично раководат поранешни полициски професионалци.

На консултантската фирма управувана од Шаломија Бауерс, секретар на одборот на БЛМ и претходно заменик извршен директор, ѝ биле платени над 2,1 милиони долари за „оперативна поддршка“.

Патриша платила и 73.500 долари за авионски чартер лет бидејќи се плашела од пандемијата а иако лани даде оставка заради финансиските скандали, од БЛМ продолжила да добива пари за консултантски услуги.

Сега кога го нема Трамп па нема потреба да се дивее по американските градови во име на важноста на црнечките животи, Блек Лајвс Метер си се почастија со пансион од 6 милиони, до последен долар добиени од донации. Во пансионот на времето имаат престојувано Хемфри Богарт и Мерилин Монро, пишавме во статијата „БЛМ си купија куќиче за 6 милиони долари“

Пред десетина дена, на врата на Кулорс и заѕвони Кенс Овенс (црн криптонит за либтарди), да ја праша нешто околу парите и црнечките животи па Кулорс се испорасплака дека тоа е вознемирување.

********

Види и:

Како БЛМ стана голем бизнис?

 

18 мај 2022 - 13:01