Локацијата е Лос Анџелес а пансионот има седум спални и седум купатила, музичка сцена, аудио студио, сала за билијар, базен и башка двособна куќа за гости. Тука се и три камини (еден донесен од Италија), мермер насекаде па дури и кокошарник во дворот. Сето тоа распослано на околу 700 квадратни метри.
Мувањето околу купувањето на куќата започнало кога имотот, од еден богат телевангелист, го купува фирма поврзана со глобалната мрежа на БЛМ. На крајот сепак завршува на конто на БЛМ, патем без никакви даночни обврски бидејќи како непрофитна организација, изземени се од плаќање данок.
Непосредно пред да биде склучен договорот, стариот газда, Шон Болз, на Твитер страсно зборувал за каузата на БЛМ и барал од своите верници да го подржат ова праведничко движење. Болз е автор на книгите со прекрасни наслови „Преведување на Господ“ и „Божји тајни.“
Луксузниот комплекс најверојатно го имаат бендисано минатиот јули, кога таму емисија снимаа три лидерки на БЛМ, во знак на сеќавање на убиството на Џорџ Флојд и поводот го искористија да се изнашокираат од белите привилегии, супрематизмот и слични омилени теми.
За една од нив, Патриша Кулорс, инаку коосновачка на БЛМ, се знае дека поседува 4 луксузни куќи во САД во вредност од 3,2 милиони долари. Една од куќите, таа во Атланта, имала и хангар за авиони.
БЛМ има собрано донации преку 90 милиони долари.