Антителата што ги создава Фајзер вакцината кај заболените од омикрон паднале по само неколку недели, и биле на пониски нивоа отколку кај заболените од оригиналниот ковид и од делта варијантата.
Четири недели по втората доза, антителата биле на 76%, на 8 до 10 недели тие паднале на 53%, за на 12 до 15 недели да паднат на 19%.
Бустерот имал успех во повеќекратно зголемување на антителата, меѓутоа веќе меѓу третата и осмата недела тие паднале за 5,4 пати.
Според Форбс ваквите бројки се очекува да бидат аргумент за воведување на дополнителни дози бустер за ранливите категории.