Анализата е на компанијата Спарк Торо, кој под лажни Твитер сметки опфаќа ботови или сметки без активност, и користи повеќе фактори за нивно откривање како проблеми со локации, дифолтна слика и нови корисници.
Истата оваа проверка на архивираната претседателска сметка на Доналд Трамп (@potus45), покажала дека 42,4% од неговите следбеници се лажни.
Спарк Торо својата алатка ја искористи и за анализа на 93,3 милиони следбеници на Илон Маск на Твитер, и излезе дека 70,2% од нив се лажни.
Бројот на ботови на Твитер на крај може да излезе пречката (или спасот) за Илон Маск да ја купи компанијата. Во процесот на пазарење Твитер тврди дека околу 5% од сите корисници се ботови. Маск тврди дека бројката е 20%, и го обвини ЦЕО-то Параг Агравал дека нема покажано доказ дека само 5% се лажни.