Вести

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Обединетите нации се корисен театар

Секој септември, кога заседанието на Генералното собрание на ОН го парализира сообраќајот,  њујорчани се прашуваат: Која е поентата на глобалниот политички театар? Обединетите нации не се „почетокот на светска држава“. Најдобро функционираат во поограничена улога, кога делуваат како форум за државите, а не како повисок авторитет над нив. 

Речник

Работната недела се растегнува на шест дена

Идејата за четиридневна работна седмица веќе е напуштен. Се прифаќа нова шема на работа и во неделите. Наместо да ги набиваат работните часови во помалку денови, работниците едноставно ја прошируваат работата на шести ден, делејќи го времето на нелинеарни блокови прилагодени на родителските обврски, нивото на енергија или личните задачи.

Стара Канаѓанка еутаназирана против нејзината волја

Жена од Онтарио која страдала од тешка болест, во јули била подложена на програма за „медицинска помош при умирање“, иако во последните денови од својот живот јасно и гласно кажувала дека не сака да умре. Медицинските лица инсистирале да се спроведе процедурата наспроти сомневањата дека жената била збунета кога потпишала согласност за сопствената смрт. 

Како Трамп ги изневери Саудијците

Саудиска Арабија со години вложуваше стотици милијарди долари во воено партнерство со САД, верувајќи дека тоа ќе го одбрани Кралството од регионалните непријатели. Кога дојде критичниот момент, Вашингтон му сврте грб на својот партнер. Разочарувањето го води Ријад кон создавање  регионален воен сојуз и градење многу поблиски стратешки односи со Кина.

Проповед за Газа

Да се спротивставиш на радикалното зло значи да издржиш живот кој според стандардите на поширокото општество е неуспешен. Да ѝ пркосите на неправдата по цена на вашата кариера, репутација, финансиска ситуација, понекогаш и живот. Да се биде доживотен еретик. И да прифатите дека доминантната култура, дури и либералните елити, ќе ве туркаат на маргините и ќе се обидат да го дискредитираат не само она што го правите, туку и вашиот карактер.

Америка се изнакупува советска воена авијација

Во октомври минатата година Казахстан стави на аукција 117 борбени авиони од советско производство. Деновиве се дозна дека 81 од нив се купени од САД преку офшор посредници.

Прилегнете си за викенд, убаво ќе ви дојде

Луѓето кои за викенд спијат подолго за да надоместат за изгубениот сон во текот на неделата е значително помалку веројатно да покажат симптоми на депресија, со тоа што и ова „подолго“ си има граници.

Германија да стане калифат

Над илјада муслимани викендов излегоа на протести во северниот германски град Хамбург повикувајќи на основање калифат во Германија.

Сиромаштија не може да се фејка

Милионерот кој намерно се направи бездомник и банкрот за да покаже дека за 12 месеци може да направи 1 милион долари, се откажа од експериментот откако веќе не се додржуваше живот во сиромаштија.

Март или април, рокот за Џонсон да ја спаси Украина

Кога во декември Владимир Зеленски има состанок со спикерот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Мајк Џонсон е неполни два месеца на таа позиција. Тогаш Зеленски јасно му кажува дека Украина може максимум до март или април да ги издржи руските напади. Џонсон ја донесе помошта за Украина на една недела пред крај на рокот.

Генерацијата која ја пропушти забавата

Волстрит журнал потсетува дека генерацијата која годинава дипломира влегоа по колеџи во време на карантини и изолација а излегуваат со протести (за Газа). Пандемијата направи многумина од нив анксиозни и осамени во своите соби во кои и следеа настава и играа игрици и јадеа. „Никогаш немавме мирно време во кое ќе можевме да бидеме едноставно млади.“

Нетанјаху до Меѓународниот кривичен суд: не ме занимате

Меѓународниот кривичен суд наводно е пред издавање налог за апсење на израелскиот премиер и високи функционери во израелската влада. Што е до Нетанјаху, за МКС ќе биде подобро да не си играат играчки.

Почеста последна умира

Со просто мнозинство, Устика, мал сицилијански остров со 1.300 жители, му го одзема почесното државјанство на Волт Дизни, носејќи закон според кој само живите можат да добијат такво признание. Но, покојниот американски аниматор беше само колатерална штета: вистинската цел беше Бенито Мусолини.

Путин не го ликвидирал Навални

Американските разузнавачки агенции утврдиле дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно не наредил убиство на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објави Волстрит журнал. Да потсетиме, веста за смртта на Навални кој почина во руски затвор во февруари, на Запад се пренесуваше со инстантно лоцирање на убиецот во Кремљ.

Киев да ја штеди помошта како да е последна

Воени експерти ја советуваат Украина многу внимателно да ја троши својата помош од 61 милијарда долари бидејќи постои можност дека Америка нема да испрати уште еден пакет.

Украина ги скри Абрамсите

Абрамс М1 тенковите, кои Украинците ги бараа и ги добија од САД како едно од спасоносните решенија во војната против Русија, Киев одлучи да ги гаражира далеку од фронтот за да ги спаси од руските дронови.

Изгледа Пелоси ќе се пензионира

Ненси Пелоси тврди дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е „пречката“ за постигнување на решението за Израел и Газа со две држави, и побара негово заминување.

Зошто Маск е во војна со Австралија и Бразил?

Илон Маск, газда и ЦЕО на Икс кој себе се смета за апсолутист во поглед на слободата на говорот, окако ја купи платформата, дерман нема од битки со држави, агенции и јавни личности на тема што е прифатливо да се објавува онлајн. Ех, што мирно и спастрено беше кога платформата функционираше како филијала на ФБИ (види овде).

Чепкајте по двор и пуштете чекор за да ви биде подобро

Прегледувајќи податоци од над четири милиони лица, научници заклучуваат дека градинарство и останата умерена физичка активност го намалуваат ризикот од депресија за 23%, анксиозност за 26% и шизофренија за 27%.

Зелените фалсификувале експерти за да ги затвораат нуклеарките

И покрај огромните енергетски предизвици за Германија поради војната во Украина од кои нејзината економија сериозно страда, под притисок на Зелените во владеачката коалиција, лани во април Германија ја угаси и својата последна нуклеарна централа. Последиците се видливи: ММФ на земјата годинава ѝ предвидува раст од смешни 0,2%. Видливи стануваат и дубарите како е направено тоа харакири.

Полска и Литванија радо би да ловат избегани Украинци

Министрите за одбрана на Полска и Литванија, без никој да го побара тоа од нив, ветија дека ќе почнат да приведуваат и депортираат Украинци на нивна територија кои ја напуштиле Украина за да избегаат од регрутација.

Ќе чипираат и какао дрвја

Какао плантажите низ Африка моментално се зафатени со епидемија која се заканува дека ќе збрише огромен дел од глобалните залихи со какао. Едно од решенијата е вакцинирање на дрвјата.

Британија „намерно ги дестабилизира“ човековите права низ светот

Обвинувањето за британската држава доаѓа од Амнести интернешнл, а според првиот човек за човекови права на организацијата на Британија „остро ќе и се суди за неуспехот да го спречи масакрот на цивили во Газа.“

Не свирете ги овие песни во продавница за гитари

Доаѓа дечко во продавница за инструменти, се интересира за гитара. Не е тој почетник, има навежбано една јака. Одбира гитара и со која песна ја пробува? Нормално, со Старвеј ту хевн. За да не се осипаат по кожа, вработените едно време почнаа да пишуваат дека таа песна е забранета за свирење во дуќанот. Имаме нов шампион во жанрот „забранети рифови.“

Зеленски укина конзуларни услуги за можните регрути во странство

Украина ги ограничи конзуларните услуги во своите дипломатски претставништва за мажи на возраст за регрутирање (од 18 до 60 години) кои живеат во странство, како обид на Киев да го зголеми зголеми бројот на расположиви војници во борбата против руската инвазија. Во земјите од Европската унија живеат околу 860.000 Украинци на таа возраст.

Американската Тајна служба почна да се подготвува за притворање на Трамп

Тајната служба веќе имала состаноци и почнала да планира што треба да преземе доколку Доналд Трамп биде прогласен за виновен за прекршување на судските наредби во случајот против него и судијата реши да му досуди краткорочен притвор.

Бајден го потпиша законот за затворање на Тикток

Законот бара од кинескиот сопственик на Тикток, Бајтденс, да го продаде својот удел во платформата во рок од девет месеци до година дена, во спротивно истата ќе биде целосно забранета во САД.

Македонија е петта по ропство

Постои нешто што се вика модерно ропство. Сите оние јадници од целиот свет кои без видливи синџири на нозете, секојдневно биваат принудени или измамени на работа која не можат да ја одбијат или сменат. Постои и глобален индекс на ропство кој ги мери тие работи. На тој индекс, во рамки на Европа и централна Азија, Македонија е на високото петто место.