Главно мирните протести прошарани со повици за ИСИС беа организирани од Муслим интерактив, чиј лидер повика на формирање „праведен калифат“ во Германија како лек за погрешното претставување на муслиманите во тамошните медиуми.
Освен плакатите, учесниците мафтаа и со примероци на весникот Билд префарбан со црвена боја заради стории што ги има објавувано за исламот и муслиманите.
Од почетокот на војната во Газа, Германија е критикувана од тамошни муслимански групи за претерана поддршка за Израел.
Неодамна поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, беше избркан од Германија откако беше закажан да зборува на про-палестински конгрес во Берлин кој беше откажан од тамошните власти.