По сериозни притисоци од Украина, САД во јануари 2023 се согласи да дозволи испраќање Абрамси на Украина, и тоа 31 тенк по цена од 10 милиони долари парче.
„Меѓутоа од тогаш военото поле суштински се промени, посебно со распространетата употреба на руски шпионски и камикази дронови.
Овие оружја и ја отежнаа на Украина заштитата на тенковите откако истите ќе бидат откриени, а потоа и ловени од руските оружја.
До сега 5 од 31 тенк се изгубени во руските напади,“ пишува Асошиејтед прес.
Како што објаснуваат високи американски одбранбени функционери заради дроновите Украинците не можат да ги користат тенковите без да бидат откриени, односно „не постои бришан простор во кој можеш да возиш без да ти е страв дали ќе те откријат.“
По повлекувањето на тенковите САД ќе работи со Украина на „ресетирање на тактиката“ за таа да се адаптира на новите услови во кои воздушните системи се сеприсутни. Американците тврдат дека има начин како тенковите да се вратат на фронтот и да бидат употребливи.
Американските функционери се упорни дека дел од вината за неуспехот на Абрамсите паѓа на Украинците бидејќи не ги послушале околу тактиката што треба да ја користат. Тактиката е комбинирано користење на пешадија, оклопни единици и авијација. Украинците идентично упорно ги потсетуваат Американците дека од овие три работи имаат само две: пешадија и оклопни единици, авијација немаат.