Аукцијата на Казахстан е дел од проектот кој трае веќе неколку години за замена на својата авијација од советско време со модерни авиони, пример рускиот СУ-30, а има и некои разговори за купување на западни авиони.
Како дел од овој проект во октомври на продажба беа дадени 117 авиони кои вклучуваа МИГ 31, 29 и 27 и Су-24, сите произведени во 1970-те и 80-те. Од продажбата Казахстан заработи 2,2 милиони долари.
Во брошурата стоеше дека авионите се во неупотреблива состојба, модернизацијата е проценета за економски неисплатлива а нивната употребливост за резервни делови е ограничена.
И покрај вака искреното признание, САД сепак се решиле да купат 81 примерок од понудените. Иако набавката не е потврдена, главната шпекулација е дека авионите ќе бидат префрлени во Киев, под претпоставка дека украинската војска ќе ги распарчи за делови или ќе ги искористи како мамки на своите аеродроми.
За цело време на војната во Украина западните сојузници на Киев по секоја цена гледаат да купат и да приберат се што им е достапно од советско оружје каде и да е низ светот. Посебно напнато беше со набавката на 155-милиметарски артилериски гранати.