По наредба на султанот Мехмед Втори речиси 500 години Света Софија е џамија, потоа по наредба на Ататурк таа тера неполни 90 години како музеј, по се изгледа деновиве неофицијалниот султан на Турција ќе ја враќа во џамија.
Момчето родено во Лондон кое почина во Италија на 15 годишна возраст е на пат да биде прогласен за светец од страна на Католичката црква. И ќе биде заштитник на интернетот.
Западни медиуми мораат да се враќаат во минатото и да потсетуваат дека на многу сличен отпор на денешните маски, своевремено наидоа и појасите во автомобилите. Во земја во која масовно се ставаат лажни лаживчиња или појасите се врзуваат зад седиште, нас не мора да нè потсетува минатото.
Кошаркарот и неговите бизнис партнери успеаа да осигурат инвестиција од 100 милиони долари за нивната медиумска компанија чиј главен таргет ќе биде црнечката публика.
Веста е дека во Аргентина се продава станот во кој се родил Ернесто Че Гевара. Бонус информацијата што не ја знаевме е дека Че Гевара е роден и израснат во стан од 240 метри квадратни.
Стратегот зад шведската ковид-19 стратегија, државниот епидемиолог Андерс Тегнел, е подготвен да ја ревидира употребата на маски, откако претходно беше изричито против нив.
Еве ни уште еден шокантен пресврт и тоа во нешто што го мислевме за интуитивно разбирливо и сосема неконтроверзно поправање на штетата која човекот ја прави на планетата: да садиме што повеќе дрвја. Тоа може да донесе повеќе зијан отколку ќар, предупредуваат новите сознанија.
Откако не успеа да предизвика апокалипса со претходниот, ЦЕРН сега планира да гради речиси четири пати поголем супер-колајдер кој треба уште нешто да дообјасни околу Хигс Босон честичката.
Агенцијата за кастинг ангажирана за серијата Господар на прстените, пушти оглас во кој бара луѓе со долги и костести екстремитети, големи клемпави уши, лузни од бубуљици, костесто лице, големи очи, вилици што се преклопуваат и недостаток на коски.
Слично како тестовите за бременост, главно ако некој тест за ковид-19 е позитивен тогаш сигурно значи дека си заразен, меѓутоа ако е негативен не е баш сигурно дека си негативен.
Идејата е тотално нетипична а звучи возбудливо: со помош на мамци да се прелаже коронавирусот и да му се одвлече вниманието од неговата главна цел, да стигне во белите дробови.
Иако не е ни блиску до титулата „лек против корона“ што од очај му беше инстантно доделена, дексаметазонот за сега е најдоброто нешто кое фармацевтската индустрија (и општо глобалната медицина) има да им го понуди на најсериозно заболените од ковид-19.
Кога ќе се случи некоја беља која нè погодува сите, многумина се надеваат дека тоа може да биде пресвртен момент за човештвото да ги среди своите приоритети и да го преиспита своето однесување. „Ништо веќе нема да биде исто!,“ ќе мора да се подвикне од копно за да слушнат оние кои ни мавтаат од палубите на луксузните крузери.
На здравствените авторитети кои носеа или предлагаа препораки и упатства, уште на почетокот им било јасно дека маските помагаат и се корисни за општата популација. Ама, ете, им било страв да не ги потрошиме брзо.
Двајцата водечки балкански епидемиолози тврдат дека вирусот е ослабнат. Други дека во меѓиувреме ја зајакнал својата заразна моќ. Првите се Заев и Цеца, другиве се некои аматери од институтот за биомедицински истражувања Скрипс.
По зборовите на главниот епидемиолог во земјата, Шведска има направено далеку помалку напредок од очекуваното во постигнување на групен имунитет на коронавирусот.
Проминентен православен свештеник на кого му беше забрането да проповеда заради негирањето на коронавирусот (и се по ред), го стави под опсада матичниот манастир од кој беше прогонет.
54 американски научници дале отказ или биле отпуштени од работа по масовната истрага во Националниот институт за здравство затоа што не ги пријавиле своите финансиски аранжмани со странски влади. Кај 93% од овие случаи, се работи за тајно финансирање од кинеска институција.
Светската здравствена организација се израдува на „големата вест“ за дејството на евтиниот и достапен декасаметазон во намалување на смртноста на тешко заболените од ковид-19 и најави промен и во упатствата за треман на болеста.
Групен имунитет е опасна фантазија и толку далечно враќање во историјата во времето пред постоењето антибиотици, во Средниот век, што треба да се избрише и од речник и од размислување, е ставот на американскиот професор и доктор Вилијам Хаселтин, кој своевремено ја поставува стратегијата за развивање на терапија за ХИВ/СИДА.
Обидот на австралискиот медиумски еснаф да го натера Фејсбук со нив да ги подели парите што ги зема од реклами, заврши со контра-понуда од Фејсбук - ние можеме без вас, вие без нас?
Еден ден по спроведување на 75.000 тестови во 20-милионскиот Пекинг пријавени се 36 нови инфекции, што е најсериозниот раст на бројот инфекции во Кина во последните неколку месеци.
Како на САД да не им доволна беља што на пол позиција го имаат опасниот кловн Доналд Трамп, спротивниот табор се чини дека има тотално полудено со диктатурата на политичката коректност: редакциите се полнат со денунцијанти, луѓе губат работа само ако на твитер бидат означени како расисти, а во страв да не им се замерат на антифа-мантифа, медиуми одат со наслови за кои ќе помислите дека се од Тhe Onion. На пример, „Во мирните демонстрации беа повредени 22 полицајци.“