Три нови состојби кои се пријавени од мал број луѓе што ги имаат примено вакцините на Фајзер и Модерна ќе бидат истражувани од ЕМА за да се утврди дали се можни нус-појави од вакцинирањето.
Човекот што го напиша филмот „Јас сум легенда“ со Вил Смит деновиве мораше јавно да објасни дека филмот е фантастика а не документарец за луѓе кои по вакцинирање се претвориле во зомбија... ако некој воопшто му верува.
Ако веќе се доживуваш себе како сојузник на жените, време е со дела да застанеш зад своите ставови и да направиш вазектомија, порачува колумнистката на Гардијан, Џил Филипович.
Балтиморската филхармонија ја отпушти својата прва флејтистка. Емили Скала нема утнато ниту една нота и нема пропуштено проба на оркестарот. Ама затоа пишувала постови за потеклото на коронавирусот и се сомневала во ефикасноста на вакцините.
Треј Паркер и Мет Стоун ќе прават нови епизоди и филмови од Саут парк за Комеди централ, а за возврат ќе добијат едно брдо пари од телевизиската мрежа.
Ги викаат брејктру случаи и често добиваат големо внимание од медиумите а се работи за оние луѓе кои закачиле ковид-19 иако биле прописно вакцинирани со две дози. Она што често недостасува во сензационалистичкото покривање на овие случаи е контекстот и поголемата слика.
Пред и за време на пандемијата беа создадени стотици алатки со вештачка интелигенција кои требаше да помогнат во откривање на ковид, дел од нив беа користени и во болници, меѓутоа ниту една не помогна.
Рокенролот денес: „Другарите“ од бендот „најдругарски“ решиле дека „другар им“ не е здравствено безбеден да се мота во нивна близина бидејќи е неевакциниран. А ем тие се вакцинирани ем овој има прележано ковид. А не е некој напорен анти-ваксeр туку дечкото e ризично да се вакцинира.
Британските работодавци што планираат да воведат задолжително вакцинирање за своите вработени, треба од тоа да ги исклучат веганите, е препораката на адвокатите и правните експерти.
Родниот град на новиот коронавирус најави дека сите жители ќе бидат тестирани откако се појавиле нови случаи на заразени. Станува збор за три односно седум случаи. Во град од 11 милиони луѓе.
Поскапувањата доаѓаат со новите договори што двете компании ги потпишаа со ЕУ за снабдување со вакцини, и не е некое ситно, симболично, поскапување, туку новите цени се повисоки за околу 30%.
Се работи за препорака од американското ЦДЦ, кои тие ја оправдуваат со тоа што делта варијантата на ковид-19 „поинаку се однесува“ во споредба со претходните варијанти.
Професорот Тим Ноакс своевремено ѝ удира шамар на доминантната прехранбена теорија за користа на јагленохидратите и штетноста на мастите, тврдејќи е тоа така - ама обратно. Половина деценија се води судски процес против него кој на крајот тој го добива. Неговиот случај на некои им личи на она што денес се случува со здравството и фармацијата.
Цигарите што ги произведува Филип Морис, а и сите други, треба да бидат третирани како автомобили што работат на бензин кои од 2030 ќе бидат забранети за продавање, е пораката на ЦЕО-то на Филип Морис интернешнл, Јацек Олчак, до британската влада.
Германска репортерка е фатена жива како намерно се валка со кал, за подоцна во програма да може да покаже дека и таа помогнала во чистењето од поплавите.
Кога втората доза е дадена осум недели по првата, Фајзер вакцината многу подобро заштитува од Делта варијантата. Проблемот е што во ова сценарио луѓето треба 2 месеца да седат само со заштита од една доза.
Ерик Клептон најави дека ќе одбива да свири во сали и места каде што ќе се пуштааат само луѓе кои ќе докажат дека се вакцинирани. Може ви делува тоа антиваксерски, ама, замислете Битлси и Стонси да инсистираа да свират само пред публика вакцинирана од заушки.
Надежта е дека со тоа што ќе се смени името на рибата која ги преплави американските реки, ќе се намали омразата кон Азијците во САД, а со тоа и насилството врз нив.
Како место во кое летните температури редовно знаат да бидат и над 48 степени Целзиусови, а и како место во кое без проблем со години сред пустина функционира затворен скијачки терен, Дубаи одлучи со дронови и струја да создава дожд. И местимично претера во тоа.