Најдобро се учи со гледање два пати ама брзо

Универзитетските видео предавања треба да се пуштаат на двојно поголема брзина ама да се изгледаат два пати за најлесно да се научат. Истото веројатно важи и за разни Јутјуб туториали што ги гледате.

Во досегашните анкети голем број студенти изјавуваат дека препрочитаат да гледаат снимени предавања, наместо во живо да ги следат, и второ дека им е од голема корист тоа што на плеерот за снимени предавања имаат опција за два пати да го забрзаат видеото.

Овие заклучоци ги проверува научна студија објавена во Аплицирана когнитивна психологија, која заклучува дека забрзувањето на видео лекциите ако се користи стратешки може да го унапреди учењето.

Во истражувањето, на над 200 студенти им е дадено да гледаат две Јутјуб видеа, на нормална брзина, 1,5 пати побрзо, 2 пати побрзо, 2,5 пати побрзо. Видеата требало да ги гледаат на цел екран и без запишување белешки. По ова им биле дадени тестови за тоа што го запамтиле.

Резултатите покажале дека луѓето што гледале на 1,5 и 2 пати побрзо тестот го решиле идентично како и оние што гледале на нормална брзина. Тие со 2,5 забрзано видео имале полоши резултати.

Во истата оваа студија се цитирани и други истражувања според кои лицата кои два пати гледале видео со два пати поголема брзина, имале подобри резултати на тестови отколку оние што го гледале видеото еднаш на нормална брзина.

Цаката во овој случај е дека предноста од гледање видео на поголема брзина имало само  кај оние кои вториот пат го гледале видеото веднаш пред тестот.

Добар резултат дал и мешаниот систем во кој испитаниците прво гледале видео со нормална брзина, а потоа го репризирале со два пати поголема брзина.

„Кај стандарден колеџ, тестовите на крај од семестар се на материјал содржан во 10 часа видео предавања. Па студент може да ги изгледа нив со двојна брзина кога ќе бидат објавени, и потоа уште една еднаш повторно со двојна брзина пред тестот,“ пишува Ема Јанг во текстот за Британското психолошко друштво.

30 декември 2021 - 13:28