Бел зборува од позиција на професор по медицина на Оксфорд и советник на британската влада, и меѓу другите аргументи тој наведува дека на се помалку луѓе им е потребна кислородна поддршка, а просечната хоспитализација е симната на три дена.
„Ужасните сцени што ги гледавме пред една година во кои одделите за интензивна нега беа преполни а голем број луѓе предвремено умираа, сега се минато,“ изјавува Бел.
Тој објаснува дека во текот на неколку ковид бранови, вклучувајќи ги делта и омикрон „стапката на сериозно заболени и мртви од оваа болест во основа се нема променето бидејќи сите се вакцинираа“.
Неговите коментари се одговор на критиките на голем број научници околу одлуката на британската влада да не воведува дополнителни ковид рестрикции во Англија пред Нова година.
Стравот на овие научници е дека и покрај тоа што омикрон е помлак од претходните варијанти тој има неспоредливо побрзо ширење и самата зголемена бројка на пациенти ќе доведе до преплавување на болниците и поголем број умрени.